Во Сараево отворена изложбата „Сеќавања“ посветена на Алија Изетбеговиќ / Photo: AA

По повод одбележувањето на 99-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, во Гази Хусрев-беговата библиотека во Сараево отворена е исложбата „Сеќавања“ која го приближува приватниот живот на Алија Изетбеговиќ.

Организаторот на изложбата е Музејот „Алија Изетбеговиќ“, во соработка со Гази Хусрев-беговата библиотека, а наведуваат дека изложбата „Сеќавања“ го приближува приватниот живот на Изетбеговиќ како семеен човек, сопруг, татко, брат и дедо.

Хронолошки конципирана, на 40 паноа, излобата прикажува ретко видени оригинални документи, писма и семејни фотографии кои на Музејот му ги отстапило семејството Изетбеговиќ. Од детството на Изетбеговиќ и младоста, образованието, првите работни искуства, преку социјалниот активизам, периодот поминат во затвор во два наврати, почеток на политичкото делување, државништво и периодот на агресијата врз Босна и Херцеговина, па се до повлекување и смртта. Нерван Диздар, кустос во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ на новинарите им рече дека на изложбата работеле веќе неколку години.

„Се работи за некои нови документи, фотографии кои ги собиравме во неколку последни години. Изложбата го следи животот на претседателот Изетбеговиќ од самото негово раѓање, првите социјални активности, неговото образование, првите политички активности, основање на партијата, деновите во Претседателството во најтешкиот воен период на агресијата врз БиХ“, наведе Диздар.

На прашањето што е она што може да се издвои на изложбата, а што е помалку познато за јавноста, Диздар одговори: „Имаме дел од документи кои се однесуваат првото и второто судење, конкретно на второто судење, моментите на неговото апсење, судење, контактите со семејството. Најголемиот дел од документите и фотографиите ги добивме од семејството Изетбеговиќ. Акцентот на изложбата е да се приближи тој дел од животот на претседателот Изетбеговиќ.“

Изложбата, која ќе биде отворена до 9 август, ја посетија бројни граѓани како и членови на семејството Изетбеговиќ. Изложбата ја посети и Лејла Акшамија, ќерка на Алија Изетбеговиќ.

Од Музејот потсетуваат и на манифестацијата „Денови на отворени врати“, кој ќе се одржи од 8 до 10 август 2024 година. Во рамките на оваа манифестација ќе биде достапно користење на ВР сетот „Воениот кабинет на претседателот Изетбеговиќ“. Влезот и користењето на ВР сетот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

AA
Популарни