Церемониите на додделување на наградата „Срцето на Сараево“ за телевизиските серии ќе се одржат од 12 до 19 август.   Фото: АА

Сараево филм фестивал соопшти дека 17 телевизиски серии од регионот се наоѓаат во конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“ во неколку категории.

Во трката за „Најдобра драмска серија“ номинирани од Србија се „Беса“, „Блок“, „Црна свадба“, „Кљун“ и „Нечиста крв“. Номинации имаат и словенечката серија „Ленинов парк“ и хрватските „Подрачје без сигнал“ и „Молк“.

Во категоријата „Најдобра комедија“ номинирани се серии од Србија „Авокадо“ и „Чудни љубови“, босанско-херцеговската „Лут, збунет, нормален“ и хрватскиот „Мкромир I".

За „Најдобра главна актерка во драмска серија“ конкурираат Јелена Џокиќ (Црна Свадба), Тихана Лазовиќ, Јована Стојиљковиќ (Подрачје без сигнал), Ксенила Мишина (Молк), Ника Розман (Ленинов парк), Хана Селимовиќ (Беса), Нада Шаргин (Време на злото) и Ивана Вуковиќ (Кљун).

За „Најдобар главен актер во драмска серија“ номинирани се Арбен Бајрактарај (Беса), Изудин Бајровиќ, Рене Биторајац, Крешимир Микиќ (Подрачје без сигнал), Драган Бјелогрлиќ (Нечиста крв), Горан Богдан (Молк), Себастијан Каваца (Долина рож и Ленинов парк) и Уликс Фехмиу (Црна свадба).

Во трката за „Најдобра епизодна улога - актерка во драмска сеерија“ се Лана Бариќ (Подрачје без сигнал), Лилјана Благојевиќ (Кљун), Милица Гојковиќ (Беса), Бранка Катиќ (Убијците на мојот татко) и Исидора Симијоновиќ (Време на злото).

За „Најдобра епизодна улога - Актер во драмска серија“ номинирани се Златко Буриќ (Молк), Вахид Џанковиќ (Кљун), Мухамед Хаџовиќ (Мочуриште), Славко Штимац (Црна свадба) и Феѓа Штукан (Нечиста крв).

Во конкуренција за „Sвезда во подем“ се Флорист Бајгора (Беса), Сара Климоска, Роберт Ожвар (Мочуриште), Павле Менсур (Време на злото), Стипе Радоја (Подрачје без сигнал), Сара Сандева (Нечиста крв) и Стефан Вукиќ (Кљун).

Во категоријата „Најдобра главна актерка-комедија“ се номинирани Јасна Ѓуричиќ (Авокадо), Наташа Нинковиќ (Сложни браќа), Милена Предиќ (Чудни љубови) и Татјана Шојиќ (Луд, збунет, нормален).

Во трката за „Најдобар актер - комедија“ се Љубомир бандовиќ (Авокадо), Никола Којо (Чудни љубови), Мустафа Надаревиќ (1943-2020) (Луд, збунет, нормален) и Горан Навојец (Мркомир I").

„Sвезда во подем - комедија“ може да биде Тарик Џиниќ (Луд, збунет, нормален), Јован Јовановиќ (Чудни љубови) или Мирна Михелчиќ (Мркомир I").

За „Најдобар сценарио за епизода - драмска серија“ номинирани се Марјан Алчевски за шесттото продолжение на „Молк’, Матија Драгојевиќ и Љубиџа Луковиќ за осмото продолжение на „Кљун“ и Бобан Јевтиќ за петтото продолжение на „Блок 27“.

Тука се и Хана Јушиќ, Јелена Паљан и Милан Ф.Живковиќ за второто продолжение на „Подрачје без сигнал“, Страхиња Маџаревиќ за петтото продолжение на „Црна свадба“, Милена Марковиќ за „Мочуршите“, како и Игор Стоименов, Вук Ршумовиќ и Млатен Матичевиќ за „Беса“.

За третото продолжение на „Нечиста крв“ постхумно е номиниран Војислав Нановиќ (1922-1983).

Во конкуренција за „Најдобра режија за епизода - драмска серија“ номинирани се Немања Чипраниќ за седмото продолжение на „Црна свадба“, Јелена Гавриловиќ и Урош Томиќ за осмото продожение на „Клун“ и Матевж Лужар за „Цветни долини“.

Тука се и Никола Љуца, Игор Стоименов и Милан Тодоровиќ за четврттото продолжение на „Беса“, Далибор Матаниќ за шесттото продолжение на „Подрачја без сигнал“, Далибор Матинац, исто така за „Подрачје без сигнал“, Момир Милошевиќ за шестото издание на „Блок 27“ и Горан Станковиќ за деветтото продожение на „Нечиста крв“.

Во конкуренција за најдобро сценарио за епизода- комедија“ се Феѓа Исовиќ за „Луд, збунет, нормален“, Бобан Јевтиќ и Никола Којо за третото издание на „Чудни љубови“, Тончи Кожул и Зоран Лазик за „Мркомир“ и Никола Пејаковиќ за петтото издание на „Авокадо“.

„Најдобра режија за епизода - комедија“ номинирани се Саша Хајдуковиќ за „Авокадо“, Елмир Јукиќ за првото издание на „Луд, збунет, нормален“, Никола Којо за првото издание на „Чудни љубови’ и Сњежана Трибусон за третото издание на „МркомирI".

Сараево филм фестивал наградите за серии ги воведе минатата година, со цел промоција и оддавање почит на најквалитетните регионални телевизискии серии прикажани во изминатата година.

Церемониите на додделување на наградата „Срцето на Сараево“ за телевизиските серии ќе биде одржана во рамките на 28. Сараево филм фестивал, кој ќе биде одржан од 12 до 19 август.

Tanjug
Популарни