Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април е прогласен официјално во 1990 година во Сероцк, Полска, на местото каде што се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија, одржан во близина на Лондон, од 7 до 12 април 1971 година./ Photo: AA Archive

Шареноликиот македонски мултиеетнички колорит го сочинуват различни етнички задници, меѓу кои се и Ромите, кои на 8 Април низ целиот свет со различни информативни, културно-уметнички активности и активности од забавен карактер го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите.

Во продолжение, ТРТ Балкан ви претставува неколку интересни факти за Ромите и нивниот Меѓународниот ден - 8 Април.

Од 2001 година Ромите се дел од македонскиот Устав

Припадниците на ромската заедница се дел од Уставот од 2001 година, признаени како етничка заедница. Според Пописот од 2021 година, во Северна Македонија живеат околу 2,34 отсто Роми (49.104), а некои невладини организации, повикувајќи се на своите истражувања, велат дека оваа бројка е поголема.

Шуто Оризари: Единствена општина во Европа со градоначалник Ром

Во скопската општина Шуто Оризари, во која Ромите се мнозинско население, ромскиот јазик е официјален. Според наводите на ромските претставници, оваа општина е единствена во Европа чиј градоначалник е Ром. Освен во оваа општина, од 85 општини во земјата, во 50 живеат припадници на ромската заедница. Ромскиот јазик е службен и во општина Куманово.

Ромка пратеничка во македонското Собрание

На македонската политичка сцена, низ годините наназад, во македонското Собрание и Владата имало Роми пратеници и владини функционери.

Во актуелниот парламентарен состав направен по изборите во 2020 година, долгогодишната активистка во граѓанскиот сектор Љатифе Шиковска е единствената пратеничка Ромка која успеа да се избори за место во парламентот.

Личните документи: Еден од најголемите предизвици за ромската заедница

Во своите јавни настапи пратеничката Шиковска истакнуваше дека според неа најголемиот проблем на Ромите во земјава е личната документација. На луѓето без лична документација им е ограничен пристапот до институциите и остварување на правата.

Кралица на ромската музика

Во сферата на културата, Ромите можат да се пофалат со извонредни музичари, а меѓу нив најпозната е пејачката и хуманитарката Есма Реџепова од Скопје. Таа почина во декември 2016 година. Во текот на својата музичка кариера, Есма се стекна со епитетот Кралица на Ромската музика во светски рамки. Есма зад себе остави огромно музичко наследство и бројни почитувачи на нејзиниот лик и дело. Во поглед на медиумското претставување, вреди да се истакне дека во земјава Ромите имаат телевизиска и радиоемисија која се емитува на јавниот медиумски сервис (МРТ), а исто така и приватни медиуми на ромски јазик.

Меѓународниот ден на Ромите прогласен во 1990 година

Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април е прогласен официјално во 1990 година во Сероцк, Полска, на местото каде што се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија, во спомен на првата меѓународна средба на ромските претставници одржан во Челсфилд, во близина на Лондон, од 7 до 12 април 1971 година.

Ѓелем, ѓелем: Ромска химна

На тој конгрес донесена е одлука за ромската химна, за која е избрана песната „Ѓелем, Ѓелем“ (ромски: Одев, одев) и одлуката за ромското знаме кое се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.

TRT Balkan
Популарни