Во Јапонија возрасен човек просечно троши 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препораката на СЗО / Photo: Reuters

Јапонскиот производител на пијалоци Кирин Холдингс (Kirin Holdings) лансира електрифицирана лажица за која научниците тврдат дека промовира поздрава исхрана преку подобрување на солените вкусови без додавање сол.

Лансирањето на производот во понеделник е првата комерцијализација на технологијата што ја доби минатогодишната Иг Нобелова награда за необична наука.

Кирин ќе продаде само 200 електрични лажици онлајн за цена од околу 117 евра и ограничена количина во јапонска продавница во јуни, но на крајот се надева дека ќе продаде еден милион примероци ширум светот за пет години.

Продажбата во странство ќе започне следната година. Пластичната и металната лажица е развиена во соработка со професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење ги подобруваат вкусовите, во овој случај впечатокот на соленост.

Компанијата Кирин која од продажба на пијалоци се обидува да влезе во полето на здравството, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија бидејќи таму возрасен човек просечно троши 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препораката на Светската здравствена организација.

Прекумерното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, мозочни удари и други болести.

„Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови“, рече истражувачот на Кирин, Аи Сато.

„Јапонците во целина треба да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да ги прекинеме нашите навики во исхраната. Ова не доведе да ја развиеме оваа електрична лажица“, рече таа.

Лажичката тежи околу 60 грама и работи на литиумска батерија што се полни.

TRT Balkan / агенции
Популарни