По победата на Доналд Трамп на изборите, пазарот очекува позитивни промени за криптовалутите / Фото: Reuters

Цената на биткоинот денес достигна 109.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд, а потоа цената беше коригирана на берзите за тргување со криптовалутата.

Во последните 24 часа, најголемата криптовалута се движеше во опсег од 99.400 до 109.110 долари.

Пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави во ноември 2024 година, со биткоинот се тргуваше на ниво од 70.000 долари, а оттогаш бележи раст од околу 55 отсто.

По победата на Доналд Трамп на изборите, пазарот очекува позитивни промени за криптовалутите, бидејќи тој вети дека САД ќе станат „криптопрестолнина“ на планетата.

Според податоците на „Коин маркет кап“, моменталната пазарна капитализација на биткоинот изнесува 2,14 билиони долари, со 24-часовен трговски обем од 111,5 милијарди долари.

AA
Популарни