Пред изборите во САД, биткоинот беше 70.000 долари, а значително се зголеми по победата на Доналд Трамп / Photo: AA

Цената на биткоинот денес се зголеми на ниво од 97.500 долари, искачувајќи се за околу 4,3 отсто на дневна основа заклучно со 09:30 часот (ГМТ).

Најголемата криптовалута забележа рекордно ниво од 97.862 долари во текот на денот.

Во текот на последните 24 часа цената на биткоинот забележа најниско ниво од 92.926 долари, а највисоко ниво од 97.862 долари.

Пред изборите во САД, биткоинот беше 70.000 долари, а значително се зголеми по победата на Доналд Трамп.

По победата на Трамп, пазарот очекува позитивен развој за криптовалутите бидејќи тој вети дека САД ќе бидат „криптокапитал“ на светот.

Големината на пазарот на биткоинот неодамна изнесуваше 1,93 билиони долари, според податоците на Coinmarketcap, веб-страница за следење на цените на дигиталните средства.

TRT Balkan / агенции
Популарни