Индустриското производство во ЕУ и во Еврозоната се намали во јуни

Индустриското производство во ЕУ и во Еврозоната се намали во јуни

Меѓу земјите членки на ЕУ, Естонија, Бугарија и Белгија имаат најголем пад
Индустриското производство во ЕУ и во Еврозоната се намали во јуни / Photo: AA

Индустриското производство се намали за 1,2 отсто на годишна основа и во Еврозоната и во ЕУ, објави Евростат.

Во соопштението на Евростат се вели дека на месечна основа производството е зголемено за 0,5 отсто во Еврозоната и 0,4 отсто во ЕУ.

Во Еврозоната, производството на енергија во јуни падна за 7,8 отсто, интермедијарни производи за 6,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто на годишно ниво, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка се зголеми за 0,2 отсто и капитални производи за 4,4 отсто.

Во ЕУ, производството на енергија падна за 8,9 отсто, интермедијарни производи за 6,6 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 отсто, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка порасна за 2,1 отсто и капитални производи за 4,8 отсто.

Од земјите членки најголем годишен пад забележа Естонија од 12,7 отсто, потоа Бугарија со пад од 9,3 отсто и Белгија со 7,6 отсто.

Најголем пораст има Данска со 12,3 отсто, Ирска со 8,3 отсто и Словачка со 3,6 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни