Велика Британија е втора со 9.500 милионери кои ја напуштаат, а потоа следат Индија (4.300 луѓе), Јужна Кореја (1.200 луѓе) и Русија (1.000 луѓе) / Photo: Getty Images

Кина ќе го заземе првото место во светот по одлив на милионери, со 15.200 богаташи кои оваа година ја напуштиле земјата, објави консултантската компанија „Хенли и партнери“.

Првите пет земји со најголем број богати граѓани кои ја напуштаат својата земја во 2024 година се Велика Британија, Индија, Јужна Кореја и Русија, објави Комерсант.

Експертите забележуваат дека миграцијата на милионерите е предизвикана од зголемената политичка нестабилност во набљудуваната земја или регион, како и економската несигурност во блиска иднина.

Од друга страна, меѓу земјите каде што најчесто доаѓаат милионери од други земји се Обединетите Арапски Емирати, САД, Сингапур, Канада и Австралија.

Кина и минатата година Кина го зазеде првото место, со 13.800 милионери кои ја напуштиле земјата.

„Хенли и партнери“ сметаат дека ваквата состојба е предизвикана од неизвесноста во однос на перспективите на кинеската економија, која продолжува многу бавно да закрепнува од последиците од пандемијата, како и геополитичките тензии во односите со САД и другите западни земји.

Сето ова ги охрабрува богатите Кинези сè повеќе да се преселуваат во други земји - најчесто во САД, Канада или Сингапур.

Велика Британија е втора со 9.500 милионери кои ја напуштаат, а потоа следат Индија (4.300 луѓе), Јужна Кореја (1.200 луѓе) и Русија (1.000 луѓе).

Што се однесува до Русија, авторите на извештајот забележуваат дека „цунамито“ на милионерите кои избегаа од Русија по избувнувањето на воениот конфликт во Украина стивнува.

Одливот беше 8.500 милионери во 2022 година, а 2.800 во 2023 година, оваа година околу 1.000 милионери ќе изберат да се иселат од земјата.


TRT Balkan / агенции
Популарни