Во регионот просечна субвенциија изнесува 5.000 евра / Фото: Reuters

Електричните возила стануваат се подостапни, како со цените кои се доближуваат до моделите од конвенционалната средна класа, така и со поддршка на државите преку директни и индиректни субвенции. Додека скандинавските возачи се предводници во е-револуцијата, земјите од регионот побавно се приклучуваат на трендот, и од неодамна само неколку држави се решија да започнат со проектите за директни субвенции. Во продолжение ви даваме преглед на тоа кој и каква финансиска поддршка дава за купување на електрични возила.

Субвенции до 5.000 евра

Македонските возачи кои сакаат да купат електрично возила уште чекаат на одобрување на програмата за државни субвенции коja требаше да изнесуваа околу 5.000 евра во денарска противвредност.

Засега единствено може да ја искористат поволноста со измените на Законот за данок на возила донесен во 2020 година. Со овие измени се укинуваат давачките за сопствениците на нови електрични возила пред да бидат регистрирани за првпат кои немаат никакво загадување со ЦО2.

За возила со вредност до 10.000 евра нема никакви трошоци, а данокот се пресметува од вредноста на возилото за секоја проценка од над 10.000 евра. На пример за возило кое вреди до 12.000 евра се пресметува даночна стапка од 1% и итн.

Возачите во Србија од оваа година ќе може да аплицираат за субвенција во износ до 5.000 евра за набавка на ново возило на електричен погон, додека пак за хибридните возила субвенцијата изнесува 3.500 евра, а за оваа мерка ќе може да аплицираат до октомври 2023 година.

Нешто слично нуди и Еко-фондот од Црна Гора со тоа што на располагање се субвенции со вкупна вредност од 50.000 евра кои ќе се распределат се до исцрпување на мерката.

Граѓаните на Црна Гора, вклучувајќи ги и компаниите и претприемачите но најмногу до две возила, ќе може да добијат субвенција вредна 5.000 евра за набавка на електрично возило и по 2.500 евра за хибридните модели.

Покрај даночните олеснувања потребни се и активни мерки / Фото: AP AP

8 од 10 нови возила во Норвешка се електрични

На светско ниво апсолутен рекордер за набавка на електрични возила е Норвешка која има амбициозна цел да го промени возниот парк на земјата со целосно надминување на автомобилите кои согоруваат фосилни горива и да се потпира исклучиво на електричните возила.

За таа цел Норвешка доделуваше субвенции со вредност до 20.000 евра за набавено ново електрично возило, пресметани преку даночни олеснување и различни бенефиции за паркирање и полнење.

Норвешка е и светски рекордер на застапеност на електрични возила од речиси 80% од сите новорегистрирани возила во 2022 година. Сепак, даночните олеснувања во Норвешка нема да траат вечно, бидејќи земјата сака да ја поттикне и активната мобилност.

САД во мандатот на претседателот Бајден воведе субвенција за новите сопственици на електрично возила од 7.500 долари (околу 6.850 евра), со цел да ги намали емисиите на јаглероден диоксид и загадување од моторите со погон на внатрешно согорување.

Франција откако забележа пад на продажбата на автомобили, вклучувајќи ги и тие на електричен погон, ја зголеми државната субвенција до 6.000 евра, но потоа повторно ја намали за 1.000 евра откако пазарот се стабилизираше.

Од земјите членки на ЕУ исто така се намалува бројот на држави кои доделуваат субвенции, па така од 20 држави кои ги субвенционираа возачите, тој број се намали на 17 земји со финансиска поддршка за набавка на електрично возило.

Во речиси сите од нив, освен Данска каде електричните возила имаат удел од 16.5% во останатите држави застапеноста на електричните возила е околу 1.5% од возниот парк.

TRT Balkan
Популарни