Цукерберг во изминатиот период драстично го промени својот имиџ на „технолошки дечко“ / Photo: Reuters

Марк Цукерберг основачот на Фејсбук и сопственик на платформата Мета, сега е втор најбогат човек на планетата, со вредност која го надмина богатството на Џеф Безос и заостанува единствено зад Илон Маск.

Сега богатството на Цукерберг се проценува на над 200 милијарди долари, благодарение на растот на уделот во акциите во Мета и нивната стабилна цена на берзите која по подолго време на турбуленции ветува поврат на инвестициите.

Бидејќи Цукерберг поседува 13 отсто од технолошкиот гигант неговото богатство само оваа година се зголемило за 78 милијарди долари, што е најголем скок од било кој од најбогатите 500 луѓе на планетата.

Цукерберг во изминатиот период драстично го промени својот имиџ на „технолошки дечко“ и ја напушти сувопарната речиси роботизирана верзија од себеси која беше предмет на истраги на Конгресот на САД.

Истовремено Цукерберг најави дека Мета повеќе нема да финансира политички кампањи на Демократската партија и дека ќе биде неутрална платформа за време на претстојните избори, но истовремено го пофали Доналд Трамп за моментот на стегната тупаница при првиот обид за атентат.

TRT Balkan / агенции
Популарни