Повеќе од 200 милионери бараат поголеми даноци за супербогатите / Photo: AA Archive

Повеќе од 200 милионери повикаа на повисоки даноци за ултра богатите во писмото испратено до светските лидери кои присуствуваа на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, Писмото е објавено на интернет страницата costofextremewealth.com, а го потпишаа милионери од 13 земји.

Според авторот, писмото е апел до светските лидери да воведат данок на супербогатите.

„Вие, нашите претставници во светот, мора да не оданочувате нас ултра богатите и мора веднаш да започнете. Тоа е инвестиција во нашето општо добро и подобра иднина која сите ја заслужуваме, а ние како милионери ја сакаме таа инвестиција“, велат тие.

Според податоците на невладината организација Оксфам, најбогатите во светот во последната деценија го зголемиле своето богатство за 50 отсто.

Меѓу потписниците на писмото се и американскиот актер Марк Руфало и американската продуцентка Абигејл Дизни, правнука на Волт Дизни. Во 2022 година, милионерите со слично писмо им се обратија на шефовите на држави и влади во Давос.

TRT Balkan / агенции
Популарни