Бизнис моделот на мобилните игри се покажа како најдоходовен бидејќи се потпира на внатрешни трансакции, и тоа најчесто кај игрите кои се бесплатни за преземање од Гугл Стор и Епл Стор.            Фото: Ројтерс

Зголемената популарност на апликациите за уредување фотографии со помош на алатки со вештачка интелигенција довела до раст на приходите. Така, апликациите за „фотошоп“ создале промет од 18 милијарди долари.

Сегментот за животен стил, меѓу кои апликации за фитнес, исхрана, велнес и подобар сон успеале да создадат промет од 11 милијарди долари, а прогнозите се дека овој сегмент по пандемијата со Ковид-19 и зголемената заинтересираност на корисниците за физичкото и менталното здравје постојано ќе расте, а со тоа и вкупните приходи на индустријата за апликации за животен стил.

Доминација на мобилните игри Others

Дека гејминг индустријата го презема приматот во целокупната забавна индустрија покажува и фактот што и покрај зголемената популарност на апликациите за стриминг на музички содржини како Спотифај, Епл Мјузик и Јутјуб Мјузик и натаму оваа „гранка“ генерира одвај 10 милијарди долари годишно.

Апликациите за информирање и споделување вести во 2022 година не успеале да создадат значаен приход и овој сегмент од година во година се повеќе тоне за сметка на мобилни апликации за емитување, креирање и споделување поткасти.

Нема играчка со мобилните видео игри

Бизнис моделот на мобилните игри се покажа како најдоходовен бидејќи се потпира на внатрешни трансакции, и тоа најчесто кај игрите кои се бесплатни за преземање од Гугл Стор и Епл Стор.

Корисниците се најчесто млади луѓе, и т.н. кежуал гејмери кои сакаат брза забава, без да инвестираат премногу време и енергија во понапредните видео игри за PC или видео конзоли.

Во овие едноставни, но многу заразни видео игри има цели системи на т.н. микротрансакции за купување нови животи, подобри оружја, прескокнување на задолжителните реклами, откуп на козметички додатоци за карактерите и аватарите и многу други навидум ситници кои всушност генерираат огромни трансфери на пари.

Така креаторите на мобилни видео игри не се потпираат на претплати или еднократно купување на играта, туку се „повеќе“ ги навлекуваат играчите на системи „плати за да победиш“.

Неколку инциденти во кои малолетни деца потрошија десетици илјади долари од кредитните картички на родителите создадоа услови за поголема контрола над девелоперите на мобилни видео игри, но тие наоѓаат начини како да ги заобиколат правилата на маркетите на апликации и да создадат екстра приходи.

TRT Balkan / агенции
Популарни