Глобалната продажба на компјутери е намалена за 16,2 отсто во 2022 година во споредба со претходната година. Според извештајот на истражувачката агенција Гартнер, продажбата на компјутери минатата година падна за 16,2 отсто на 286,2 милиони единици во однос на 2021 година.
Продажбата на компјутери изнесуваше 65,3 милиони единици во последниот квартал минатата година, што е пад од 28,5 отсто во однос на истиот период во 2021 година.
Падот на продажбата на компјутери во последното тримесечје е најголем пад од 1990 година, откако се води официјална евиденција.
Според извештајот, кинеската компанија „Леново“ (Lenovo) ја зазема лидерската позиција со 68,9 милиони (241 отсто пазарен удел).
Потоа следува „Хјулет-Пакард“ (Hewlett-Packard - HP) со 55,5 милиони единици (19,4 отсто од пазарниот удел), „Дел“ (DELL) е трет со околу 50 милиони (17,5 отсто), а „Ејпл“ (Apple) со 27,9 милиони единици (9,8 отсто), на четвртото место.