Ретките земјини елементи (РЕЕ) се група од 17 метални елементи кои се состојат од 15 лантаноиди во периодниот систем, покрај итриумот и скандиумот / Photo: AA

Норвешката рударска компанија „Rare Earths Norway“ објави дека го открила најголемото европско наоѓалиште на високо ценети ретки земјени метали, што може да претставува пресвртница за оваа земја и за целиот регион.

Компанијата проценува дека има 8,8 милиони тони оксиди на ретки земјени минерали на локацијата Фен на југоистокот од Норвешка и смета дека изгледите за експлоатација се поволни.

Како што е наведено, истражните работи на оваа локација ќе продолжат, а дополнително дупчење е закажано за следниот месец.

Компанијата очекува да започне првата фаза од рударските работи до 2030 година.

Тоа е една од ретките локации на ретки земјени минерали што не е во сопственост или контролирана од Кина, известува Си-Ен-Би-Си.

Се очекува дека побарувачката за ретките земјени елементи ќе расте експоненцијално во наредните години поради енергетската транзиција, а со помош на ова наоѓалиште Европа би можела да ја намали зависноста од Пекинг.

Ретките земјини елементи (РЕЕ) се група од 17 метални елементи кои се состојат од 15 лантаноиди во периодниот систем, покрај итриумот и скандиумот.

Врз основа на нивните атомски маси, РЕЕ често се класифицираат како лесни ретки земјени елементи (ЛРЕЕ) или тешки ретки земјени елементи (ХРЕЕ).

Нивните посебни физички и хемиски својства ги прават клучни во производството на повеќето високотехнолошки производи - вклучувајќи паметни телефони, хард дискови, медицински уреди, одбранбени апликации и технологија за обновлива енергија.

Ретките земјени елементи неодимиум (Нд), прасеодимиум (Пр) и диспрозиум (Ди) се потребни за производство на постојани магнети со висока јачина, кои се користат во електричните влечни мотори и турбините на ветер.

Всушност, ретките земјени елементи се наоѓаат доста изобилно во природата, но тие ретко се појавуваат во економски исплатливи количини и тешко се обработуваат.


TRT Balkan / агенции
Популарни