Слабоста на еврото и високата инфлација ја зголеми веројатноста за рецесија во Европа и дополнително ги ограничи долгорочните изгледи за раст во еврозоната, рече Дејвид Малпас, претседател на Светска банка, во својот говор на настанот што се одржа на Универзитетот „Стенфорд“ во Соединетите Американски Држави (САД). Според Малпас светот се соочува со серија кризи.
Изјавувајќи дека најактуелната опасност за светот во развој е наглото забавување на глобалниот раст кој се претвора во глобална рецесија, Малпас истакна дека многу земји во развој не можат да го достигнат нивото на националниот приход по жител од периодот пред пандемијата на Ковид-19.
Потсетувајќи дека американската економија забележа пад во првите два квартали од оваа година, Малпас рече дека и економскиот раст на Кина, исто така, нагло забавил поради мерките за карантин преземени против ширењето на Ковид-19.
Претседателот на Светска банка истакна дека Европа се соочила со ненадејно зголемување на цените на енергијата поради војната што ја иницира Русија во Украина и додаде: „Слабоста на еврото и високата инфлација ја зголемија веројатноста за рецесија во Европа и дополнително ги ограничија долгорочните изгледи за раст во еврозоната.“
Малпас посочи дека земјите во развој се соочуваат со ризикот, трендовите како што се инфлацијата, забавувањето на растот, ниската продуктивност, исцрпувањето на глобалните енергетски ресурси и високите каматни стапки застапени во развиените економии, да продолжат и по 2023 година.
Претседателот на Светска банка изјави дека можеби ќе бидат потребни години за да се намали зависноста од Русија во глобалното производство на енергија, што може да го продолжи ризикот од стагфлација (пад на производството и скок на цените).