Шпанскиот регулатор на пазарот денеска објави дека ја казнил платформата Букинг (Booking.com) со 413,24 милиони евра за нефер деловни практики.
Во соопштението, регулаторот наведува дека Букинг ја злоупотребува својата доминантна позиција најмалку од 1 јануари 2019 година, наметнувајќи нефер услови за шпанските хотели и ограничувајќи ја конкуренцијата на други онлајн туристички агенции.
Ова е најголемата казна што шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција (ЦНМЦ) некогаш ја изрече на една компанија. Букинг е холандска компанија и една од најголемите онлајн туристички агенции во светот.
Според ЦНМЦ, Букинг контролира меѓу 70 и 90 отсто од шпанскиот хотелски пазар. Регулаторот рече дека нејзината истрага, која започна во 2022 година, идентификувала неколку начини на кои компанијата им наштетила на шпанските хотели и на другите туристички агенции.
Од ЦНМЦ велат дека Букинг ги потиснува конкурентите охрабрувајќи ги хотелите да ги наведат сите соби на платформата.
Исто така ги охрабрува хотелите да ја концентрираат својата продажба на платформата во замена за подобро рангирање или пристап до програми