Технолошкиот гигант Гугл мора да плати 4,12 милијарди евра парична казна на Европската Унија         Фото: Ројтерс

Технолошкиот гигант Гугл мора да плати 4,12 милијарди евра парична казна на Европската Унија, откако највисокиот суд на унијата во средата ја потврди антимонополската одлука на извршното тело на ЕУ.

„Општиот суд во голема мера ја потврдува одлуката на Комисијата дека Гугл воведе незаконски ограничувања на производителите на Андроид мобилните уреди и операторите на мобилните мрежи со цел да ја консолидира доминантната позиција на својот пребарувач“, се вели во соопштението на судот на ЕУ.

Пресудата става крај на тужбата иницирана од Гугл против одлуката на Европската комисија од 2018 година, која наметна 4,34 милијарди евра казна што е највисока антимонополска казна во историјата на унијата.

Според ЕУ, Гугл ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот на мобилни уреди и пребарувачи барајќи од производителите претходно да ги инсталираат Гугл пребарувачот и Гугл Хром на нивните уреди со различни „договори за дистрибуција“ и „договори за споделување на приходите“.

Судот на ЕУ потврди огромното мнозинство од аргументите на Европската комисија, само предложи да се намали казната за 5%.

Минатата година Гугл загуби уште еден случај со кој треба да плати на ЕУ казна од 2,4 милијарди евра.

Одржувањето фер конкуренција на внатрешниот пазар во унијата е една од ретките ексклузивни надлежности на ЕУ. Тоа ѝ дозволува на Европската комисија да одлучува за правилата за државна помош и да ги казни компаниите за прекршување на антимонополскиот закон на ЕУ.

AA
Популарни