Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто во 2022 година / Photo: AA

Цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал. Ова е прв пат од 2015 година цените на недвижностите во земјите на ЕУ да паднат на квартално ниво.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за цените на недвижностите во четвртиот квартал од 2022 година. Сепак, цените на становите во ЕУ се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во истиот период цените на становите во еврозоната паднаа за 1,7 отсто во однос на претходниот квартал, а пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво.

Во Данска, во четвртиот квартал од 2022 година, во однос на претходниот квартал, е забележан раст на цената на недвижностите од 6,5 отсто, што е највисок во ЕУ, потоа Германија со 5 отсто, Кипар 4 отсто, Шведска 3,6 отсто, Финска со 3,4 отсто и Холандија со 2,6 отсто.

Цените на недвижностите во Италија останаа стабилни, а најголем раст на цените е забележан во Хрватска со 4,7 отсто и Романија со 2,5 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни