Извозот на жито од Русија достигна рекордни 72 милиони тони во 2024 година, соопшти денеска федералниот Агроекспорт центар.
Центарот наведува дека, според проценките на аналитичкиот центар „Русагротранс“, извозот на жито од Русија е зголемен за околу пет отсто во споредба со претходната година, кога изнесуваше 68,6 милиони тони, пренесе ТАСС.
Најголеми увозници на руско жито во 2024 година биле Египет, со 11,1 милиони тони, потоа Туркије (7,2 милиони тони), Иран (5,6 милиони тони), Саудиска Арабија (4,6 милиони тони) и Бангладеш (3,9 милиони тони).
Агроекспорт предвидува дека до 2030 година рускиот извоз на жито ќе изнесува повеќе од 75 милиони тони, во вредност од над 17 милијарди долари.
Се очекува пченицата да учествува со околу 80 отсто од вкупниот број, а пченката и јачменот да сочинуваат по околу 10 отсто.