Меѓународниот саем на автомобили, 55 по ред, и 15. Меѓународен саем на мотоцикли, скутери и опрема „Motopassion", отворени се на Белградскиот саем.
Во редизајнираната изложбена поставка во Сала 3 се наоѓаат премиум брендовите, како што се Мерцедес, Мајбах, БМВ, Мини, Масерати, Ауди, Порше.
Меѓу изложените се и автомобилските брендови: Фолксваген, Нисан, Чери, Шкода, Субару, Гели, Волво, Киа, Мазда, Рено, Дачиа, Хјундаи, Форд, МГ, Цитроен, Фиат, Алфа Ромео, Сузуки, Пежо, Тојота, Хонда, Сеат и Купра.
Мотоциклите и опремата се изложени во хала 4, лесни комерцијални возила во хала 3А, а придружната автомобилска опрема во салите 2 и 1А.
Овогодишниот Меѓународен саем на автомобили собра 250 учесници, кои претставуваат 33 автомобилски и седум брендови на лесни стопански возила со повеќе од 40 премиери.
На саемот на мотоцикли, квадови, скутери и опрема учествуваа 60 изложувачи, со повеќе од 40 марки на мотоцикли, квадови и скутери и голем број марки на опрема за мотоцикли.
Ќе биде презентиран и голем избор на полначи за електрични возила и соларни модули за употреба во автомобилската индустрија. Саемот ќе биде отворен до 28 март.