Енергетска криза доведе германски добавувачи на автомобили до банкрот /  Фото: AA

Германски добавувачи на автомобили идната година се соочуваат со бран банкроти бидејќи голем број компании нема да можат да ги плаќаат сметките за струја, објавија локалните медиуми.

„Во првата половина во 2023 година ќе видиме многу банкроти бидејќи компаниите не можат да ги плаќаат сметките за струја“, рече Стефан Волф, директор на добавувачи на автомобили Елрингклингер, за автомобилскиот магазин „Аутомобилвохе“ (Automobilwoche).

Тој рече дека така големи зголемувања на трошоци не се забележани во последните 25 години и додаде дека освен цените на енергијата, значително се зголемени и цените на пластиката и челикот.

Иако добавувачите на автомобили се обидуваа да ги надоместат трошоците од своите купувачи, како и произведувачи на автомобили, според зборовите на Волф, тоа не беше потполно успешно.

„Трошоците директно се одразуваат на крајниот резултат“, додаде тој.

Тој се жалеше и на барањата на синдикатот за зголемување на платите од осум отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни