Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена во споредба со овогодишниот минимум од 38.505 долари / Photo: AA

Вредноста на криптовалутата биткоин вечерва порасна на 86.660 долари, покажуваат податоците на сајтот за следење криптовалути во реално време на КоинДеск (CoinDesk).

Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува Си-Ен-Би-Си.

Инвеститорите веруваат дека новиот американски претседател, кој се декларира како поддржувач на крипто-валутите, ќе овозможи овој пазар да процвета.

Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена во споредба со овогодишниот минимум од 38.505 долари, пренесува Ројтерс.

Доналд Трамп во септември најави нов потфат во областа на криптовалутите „Ворлд Либерти Фајненшл(“ World Liberty Financial).

„Крипто е една од оние работи што треба да ги направиме“, рече тогаш Трамп на социјалната мрежа Х, додавајќи: „Неважно дали ни се допаѓа тоа или, но морам да го сторам тоа“.

Трамп го промовира потфатот од август, иако специфичната цел на „World Liberty Financial“ останува нејасна.

Официјалниот датум на лансирање на проектот за криптовалути не е објавен.

TRT Balkan / агенции
Популарни