Со незаменливите дигитални токени (НФТ), кои се во тренд на глобално ниво, познатиот турски десерт ќунефе е претворен во проект НФТ од страна на турскиот бренд за десерти „Бејазде Ќунефе“ (Beyzade Künefe).
Ќунефето потекнува од југоисточниот дел на Туркије, а може да се истакне дека особено е препознатлив во градот Хатај, каде ќунефето е крцкав, извонреден десерт исполнет со ф’стаци, кој обично се јаде после вечера.
Во чекор со светските трендови
Брендот има за цел да биде во чекор со светските трендови и се стреми да има корист од користењето на НФТ, како нова точка на контакт со потенцијалните клиенти.
Исто така, планира да конвертира во НФТ и други производи како што се баклавата и ф'стаците.
„Горди сме што презентираме десет различни дигитални средства што ги создадовме за корисниците на платформата OpenSea, најголемиот НФТ пазар во светот. Планираме да донираме пет наши НФТ на следбениците како подарок“, истакна косопственик на брендот.
Проектот го води дигиталната агенција „Волантис“, која изрази задоволство поради можноста да го започне потфатот за напредно размислување во Туркије.
Агенцијата „Волантис“ објави дека проектот ќе го привлече интересот не само на клиентите на „Бејазде Ќунефе“, туку и на оние кои се заинтересирани да инвестираат во НФТ.
21 јун 2022
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Дали ѕвездите на Мишелин се важни за балканската кујна?
Иако Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија стануваат посакувани дестинации поради нивната прифатлива, свежа и квалитетна култура на храна, овие земји допрва треба да се приклучат на семејството Мишелин ѕвезди.
Што друго би сакале да знаете?
Популарни