Чарлс Озборн ќе остане запишан во медицинската историја

Икањето е појава што безмалку секој човек ја искусил. Некој ика често, некој поретко, но неволните контракции на дијафрагмата е чувство познато на многумина. Прво што сакаме да направиме кога е икаме е да најдеме начин како икањето да престане. Некогаш помага пиење чаша вода, некогаш задржување на воздухот, а некогаш проаѓа само од себе.

Но ова не му успеало на Чарлс Озборн, човекот кој ќе остане запишан во медицинската историја како најдолг случај на икање.

Во 1922 година, овој фармер од Ајова почнал да ика - и не престанал цели 68 години.

Прво се обидувал сам да си помогне, обидувајќи се со сите вообичаени и невообичаени техники за спречување на икањето, но безуспешно. Потоа побарал лекарска помош, но ниту еден лекар не можел да му помогне. Се обидел и со експериментална хормонска терапија, но ни тоа не го излекувало.

Сепак, еден ден во 1990 година, кога Озборн имал 96 години, икањето наеднаш престанало. Починал само една година подоцна, а лекарите никогаш не сфатиле што точно ја предизвикало неговото доживотна состојба.

Како започнало?

Чарлс Озборн е роден во 1893 година, но неговото икање започнало дури во 1922 година, кога бил 29 години. Икањето започнало кога се обидел да крене свиња, но паднал и не осетил ништо. Од тогаш тој непрестано икал.

Медицински објаснувања

Денес, лекарите укажуваат на неколку причини за појава на икањето. Некогаш тоа започнува по пиење газирани пијалаци, некогаш по обилен оброк. Голтањето воздух додека џвакате мастика може да доведе до икање, па дури и преголемата возбуда може да го предизвика.

Сепак, ниту една од тие причини не објаснува зошто Чарлс Озборн ненадејно почнал да ика во 1922 година. Тогаш, зошто падот предизвикал икање со децении?

Со текот на годините, Озборн посетил повеќе медицински професионалци. Во 1980-тите, д-р Теренс Ентони изјавил дека падот на Озборн предизвикал оштетување на мозокот, што довело до икање.

„Докторот подоцна рече дека повредил крвен сад со големина на игла во мозокот“, раскажа Озборн.

За медиумите лекарот објаснил дека Озборн уништил мала област во мозочното стебло што го инхибира одговорот на икање.

Сепак, лекарите денес мислат дека има поинакво објаснување. Неврохирургот Али Сеифи верува дека падот на Озборн најверојатно предизвикал повреда на реброто што ја оштетило неговата дијафрагма.

Сеифи смета и дека Озборн можеби доживеал мозочен удар. Некои мозочни удари можат да предизвикаат постојано икање, што не е далеку од објаснувањето што Ентони му го дал на Озборн пред неколку децении.

Додека пробувал десетици третмани, Озборн не се нафатил на хируршка процедура што може да му го наруши дишењето.

Ниту еден од медицинските лекови не помогнал, дури ни експерименталната хормонска терапија. И домашните лекови биле подеднакво неуспешни. Еден пријател дури се обидел да пука со пушка зад Озборн за да го исплаши.

„Ме исплаши“, раскажува Озборн, „но не го исплаши икањето“.

Само еден лекар успеал да го излечи Озборн - но лекот бил привремен. Според списанието Смитсонијан, додека бил на клиника, икањето на Озборн престанало кога лекарот му ставил висока доза на јаглерод моноксид.

Третманот можеби функционирал, но имал превисока цена - Озборн не можел да преживее со отровниот гас. Така, тој едноставно научил да живее со икањето најдобро што може.

Живот со постојано икање

По децении икање, Чарлс Озборн се откажал од наоѓање лек. Тој патувал до Алјаска барајќи одговори, но трошоците - и разочарувачките резултати - ја завршиле неговата потрага по лек.

Озборн се откажал и од домашните лекови. Откако неговата приказна се појави во весниците и на телевизија, Озборн добил илјадници писма во кои му нуделе разни решенија-од тоа да му ги масираат прстите, да му ја стискаат брадата и слично.

На секој предлог, Озборн одговарал „Се обидов и со тоа“.

Така Озборн научил да живее со икањето. Лекарите објаснуваат дека звукот предизвикан од икањето не е поврзан со дијафрагмата. Наместо тоа, доаѓа од гласните жици, кои се затвораат помеѓу икање.

По години страдање, Озборн успеал да го истренира телото да не прави врева со дишење помеѓу икањето.

И покрај неговата несреќна состојба, Чарлс Озборн бил женет двапати, имал осум деца, па дури и работел како аукционер одредено време. Тој бил решен да го живее својот живот во потполност.

Крајот на 68-годишниот случај на икање

Постојаното икање може да предизвика губење на тежината, исцрпеност и проблеми со менталното здравје. Чарлс Озборн ги искусил овие опасности од прва рака. Подоцна во животот, тој не можел да голта храна поради икањето. Со години морал да ги блендира сите оброци.

По 56 години икање, Озборн за медиумите изјавил: „Би дал се што имам на светот ако можам да се ослободам од икањето“.

„Не знам како би било да го нема“, објаснил тој.

Иако икањето било досадно сепак го претворило Озборн во славна личност.

Тој се појавил во радио шоуто на Роберт Рипли „Верувале или не“ во 1936 година и во шоуто со Џони Карсон во 1983 година.

Помеѓу 29 и 96 години, Озборн икнал околу 430 милиони пати. И одеднаш, во јуни 1990 година, икањето престанало. Околу една година подоцна, Озборн починал. Неговите последни месеци од животот биле, за среќа, без икање.

TRT Balkan / агенции
Популарни