Европската Унија (ЕУ) купи уште 170.000 дози вакцини против мајмунски сипаници      Фото: Ројтерс

Европската Унија (ЕУ) купи уште 170.000 дози вакцини против мајмунски сипаници кои ќе бидат дистрибуирани меѓу земјите членки, соопшти денеска комесарката за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес.

„Преку ХЕРА [Европската здравствена организација за подготвеност и одговор при итни случаи] обезбедивме дополнителни 170.000 дози на вакцини против мајмунски сипаници“, изјави Киријакидес за новинарите на патот кон неформалниот состанок на министрите за здравство на ЕУ во Прага.

Со новите инвестиции, ЕУ купи вкупно над 330.000 дози.

„ХЕРА ќе ја продолжи програмата за купување за да се осигура дека на земјите членки им ја даваме сета поддршка што им е потребна“, додаде таа.

Според Киријакидес, ЕУ доживува „тенденции на опаѓање“ кај мајмунските сипаници, но Блокот мора да остане подготвен за здравствени итни случаи.

Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, до 1 септември се пријавени 18.463 случаи во ЕУ, Норвешка и Исланд.

Мајмунските сипаници се вирус кој предизвикува болест со слични, но помалку сериозни симптоми на сипаници, вклучувајќи треска, осип и отечени лимфни јазли.

AA
Популарни