Владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, која според неа е одговорна за 75.000 смртни случаи годишно во Франција / Photo: AA

Француската Влада има намера да воведе забрана за употреба на електронските цигари за еднократна употреба, најави премиерката Елизабет Борн во денешното интервју за радио РТЛ.

„Тоа е важно јавно здравствено прашање. Планираме да воведеме нов план против пушењето кој ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, тие предизвикуваат лоши навики кај младите“, рече Борн, додавајќи дека владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, која според неа е одговорна за 75.000 смртни случаи годишно во Франција.

„Овие уреди создаваат навики кај младите кои можат да доведат до зависност од тутун, додаде таа. Но Владата нема намера следната година да го зголеми данокот на тутунските производи по годинешното зголемување, рече премиерката. Францускиот претседател Емануел Макрон ги претстави плановите за сузбивање на консумацијата на тутун и алкохол во 2021 година, ветувајќи дека ќе обезбеди повеќе места за непушачи, а до 2030 година сака да ги направи сите 20-годишни непушачи.

Министерот за здравство на Франција, Франсоа Браун, веќе неколкупати се изјасни за забрана на овој вид електронски цигари затоа што ги наведуваат младите на пушење и затоа што нивното еднократно користење е еколошки апсурд.

Иако веќе формално се забранети за малолетници, електронските цигари се особено популарни меѓу француските тинејџери

Популарни