Циклусите на јадење кои имитираат пост може да ги намалат знаците на стареење на имунолошкиот систеm, тврдат научниците / Photo: Reuters

Верниците од христијанската и муслиманската вероисповед во наредниве месеци ќе применуваат пост согласно традициите на големите верски празници кои следат во овој период. Едни ќе јадат храна во мали количини и само во одредени делови од денот, други ќе избегнуваат храна од животинско потекло, а некои ќе пијат само вода.

На прв поглед делува напорно, но доволната количина на храна на крајот е пресудна за здравјето на организмот.

Според резултатите од истражувањето на Универзитетот во Јужна Калифорнија (УСЦ ) објавени во февруари во списанието Нејчр, научниците велат дека за луѓето кои имаат потреба или сакаат да одат на диета, „копирањето“ на постот може да биде вистинскиот начин за губење на тежината и постигнување подобро здравје.

„Циклусите на јадење кои имитираат пост може да ги намалат знаците на стареење на имунолошкиот систем, како и отпорноста на инсулин и замастен црн дроб, што на крајот резултира со пониска биолошка возраст“, ​​велат истражувачите по тестирањето на две групи луѓе на возраст меѓу 18 и 70 години, кои се придржувале на диетата пет дена во месецот три или четири последователни месеци.

Целта на овој тип на диета е да се имитира, копира некоја од методите на постот, на пример, само со консумирање вода, но во исто време да се гарантира внесување на „неопходните хранливи материи“ во организмот, што возможува постот да се спроведе до крај.

На некои гурмани веројатно нема да им се допадне овој начин на исхрана.

Меѓу наведените прехранбени артикли се „супи од зеленчук, енергетски плочки, енергетски пијалоци, здрави грицки и чај“, заедно со „додатоци кои обезбедуваат внес на минерали, витамини и есенцијални масни киселини во телото“.

Колку и да изгледа непривлечно, брзата диета се заснова на „висок процент на незаситени масти и низок удел на вкупните калории, протеини и јаглехидрати“, утврдил тимот на експерти кои го споредија ефектот на диетата со контролните групи кои се држеле до „вообичаената“ или „медитеранска“ исхрана.

„Ова е прва студија која покажува дека конзумирањето храна која не бара долготрајни промени во исхраната или други промени во животниот стил може да ги направи луѓето биолошки помлади“, рече Валтер Лонго од УСЦ.

TRT Balkan / агенции
Популарни