Тим американски научници открија компонента во маслинките за која веруваат дека може да помогне во борбата против дебелината и дијабетесот.
Научниците од Универзитетот Вирџинија Техника спровеле експерименти на глувци кои покажале дека еленолната киселина од маслинките го намалува шеќерот во крвта и, се чини, помага при слабеење.
Бидејќи во маслинките нема доволно киселина која природно би помогнала во борбата против горенаведените заболувања, научниците веруваат дека нивното истражување би можело „да го отвори патот за развој на безбедни и евтини природни производи за контрола на дебелината и дијабетес тип 2 кај луѓето“.
„Промените во животниот стил и мерките за јавно здравје имаат ограничено влијание врз зголемената преваленца на дебелината, еден од главните фактори на ризик за дијабетес тип 2“, рече водечкиот истражувач Донгмин Лиу, професор на Катедрата за човечка исхрана, храна и вежбање на Универзитетот Вирџинија.
Тој посочува дека достапните лекови против дебелина се неефикасни во одржувањето на слабеењето, се скапи и претставуваат долгорочен ризик по здравјето.
Тој и неговиот тим, додава Лиу, работат на развој на „побезбеден, поевтин и повеќенаменски лек кој би спречил појава на метаболички нарушувања и дијабетес тип 2“.
Презентирајќи ги резултатите од истражувањето на професионална конференција во Чикаго, Луи и неговите колеги изјавија дека во текот на четири до пет недели од примената на еленолна киселина, забележано е намалување на дебелината кај глувците за 10,7 проценти, додека нивото на шеќер во крвта и чувствителноста на инсулин паднале на нивоа „споредливи со оние на здрави, слаби глувци“.
Маслинките и маслиновото масло се особено изобилни во медитеранската исхрана.
Маслиновото масло, кое се смета за поздрава алтернатива на растителните и масла од семки, го спречува когнитивното опаѓање, според неодамна објавеното истражување на 90.000 луѓе над 28 години.