Научниците од Томск создадоа иновативен препарат за спречување на метастази на рак. Истражувачкиот тим разви соединение базирано на нуклеинска киселина кое го блокира појавувањето на метастази по отстранувањето на примарниот тумор.
Резултатите од истражувањето беа објавени во Journal of Medicinal Chemistry.
На создавањето на лекот работеше тим специјалисти од Сибирскиот државен медицински универзитет, државниот универзитет во Томск и Националниот истражувачки медицински центар Томск на Руската академија на науките.
„Микро РНК, чија комбинација ја формира основата на лекот, влијае на гените што ги „активираат клетките на ракот“, објасни еден од авторите на истражувањето, професорката на Катедрата за патофизиологија на сибирскиот државен медицински универзитет, Елена Удут..
Според истражувачите, формирањето на метастази е водечка причина за смрт од рак, а сите лекови кои моментално се достапни се насочени кон лекување само на примарниот тумор и не се способни да се борат со метастазите.
Како што се зголемуваат малигните својства на туморот поради неговиот развој и промени, така најадаптираниот „клон“ преживува и затоа хемотерапијата е ефикасна само во првите фази од лекувањето, но не е во состојба да ги уништи понатамошните „трансформации“ на клетките на туморот, велат експертите.
Истражувачите планираат да развијат готова форма на доза и да започнат со клинички испитувања.
Според експертите, за достапноста на препаратот на пазарот ќе треба долго време дури и при поволни услови, бидејќи тестовите во текот на кои научниците ќе го оценуваат ефектот на лекот врз развојот на метастази ќе траат најмалку пет до шест години.