Секој петти врвен спортист има пореметување со исхраната / Photo: Reuters

Врвните спортисти имаат поголем ризик од развивање на пореметување во исхраната од останатите, тврди професорот Вилхелм Блох од спортскиот факултет во Келн. Според Блох, дури 10 до 20 отсто од врвните спортисти имаат проблеми со исхраната што би за последица можело да има долгорочни последици во видот на хормонската лика, менструалниот циклус, замор, депресија, остеопороза, болести на дигестивниот тракт…

Особено, во тој проблем се изложени спортови во кои е важен естетскиот впечаток како гимнастиката, ритмичната гимнастика и скијачките скокови, но и тркачи на долги патеки.

Заедничкиот назив за тие проблеми е „анорексија атлетика“, а поголемо внимание кај јавноста оваа тема доби откако бројни спортисти го прекинаа молкот поврзан со овие проблеми. Во неодамнешниот документарен филм „Страдање за злато“ за своите проблеми со исхраната помеѓу останатите проговорија финскиот возач на Формула 1 Валтери Ботас, француската тенисерка Каролин Грациа и швајцарската биатлонка Лена Хаек-Грос.

„Поради напорните тренинзи оболев и физички и психички. Се излезе од контрола и тргна кон зависност“, изјави Ботас.

Но, расправата за проблемите со тежината трае веќе некое време. Познат е случајот на германскиот скокач на скии Свен Ханавалд, кој во 2002 година стана прв кој успеа да победи на сите четири станици на „Новогодишната турнеја“ во истата сезона, а подоцна имаше проблеми со анорексија и депресија.

Затоа, Меѓународната скијачка федерација го воведе индексот на телесна маса (БМИ) во 2004 година, кој се пресметува според висината и тежината на скокачот. Ако БМИ е премногу низок, скокачот мора да користи пократки скии за да ја изгуби предноста од недоволна тежина.

„Би сакал повеќе спортови да се позанимаваат со таа проблематика и да ги воведат потребните мерки“, рече Блох.

TRT Balkan / агенции
Популарни