Извештајот наведува и дека 17 милиони луѓе на возраст под 70 години починале во 2019 година како последица на незаразни болести            Фото: Ројтерс

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болестите како карциномот и дијабетесот стануваат посмртоносни од заразните болести.

Извештајот што го објави организацијата ги испитува смртните случаи од незаразни болести на срцето и белите дробови и болестите како што се карциномот и дијабетесот.

Според извештајот, околу 41 милион луѓе годишно умираат од карцином, дијабетес и хронични респираторни заболувања.

Извештајот наведува и дека 17 милиони луѓе на возраст под 70 години починале во 2019 година како последица на незаразни болести. Околу 86 отсто од смртните случаи се случиле во земјите со низок и среден приход.

Наведено е дека загубата на животи од незаразни болести е поголема отколку од заразни болести.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека постојат евтини методи кои можат да се применат низ светот за да се спречат заразните болести.

Тој предупреди дека ваквите болести можат да станат најголема закана на векот доколку не се преземат мерки на претпазливост.

TRT Balkan / агенции
Популарни