Долготрајниот Ковид-19 погодува двојно повеќе жени           Фото: Ројтерс

Повеќе од 17 милиони Европејци имале Ковид-19 во 2020 и 2021 година, процени Светската здравствена организација (СЗО), која повика на подобра грижа за тие пациенти.

Во истражувањето што го спроведе Европската дирекција на СЗО со Институтот за мерење и евалуација на здравјето (IHME), поврзан со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, беа споделени податоци за првите две години од пандемијата.

Според истражувањето, во периодот 2020-2021 година, најмалку 17 милиони луѓе во 53 земји од европскиот регион на СЗО имале долготрајни симптоми на Ковид-19, што траеле најмалку три месеци.

Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се некои од симптомите на долготрајниот Ковид-19 што обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеца.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека причините и последиците од долготрајниот Ковид-19 сè уште не се познати.

„Милиони луѓе во нашиот регион сè уште страдаат од благи симптоми на Ковид-19 неколку месеци по првото заразување. Владите наоѓаат решенија со здравствените институции, работејќи заедно“, рече Клуге.

Долготрајниот Ковид-19 погодува двојно повеќе жени, според податоците на СЗО, чии проценки се засноваат на истражување на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).

Директорот на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME), Кристофер Мареј, рече дека според неговото истражување, 145 милиони луѓе низ светот биле погодени од долготраен Ковид-19 во 2020 и 2021 година.

Мареј нагласи дека здравјето и секојдневниот живот на овие луѓе се сериозно засегнати.

AA
Популарни