Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека топлотните бранови во текот на летото во Европа предизвикаа најмалку 15.000 смртни случаи.
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге објави статистички податоци за топлотните бранови во Европа.
„Според податоците кои ги споделија европските земји, најмалку 15.000 луѓе починаа поради горештините во 2022 година“, рече Клуге.
Тој истакна дека топлотните бранови предизвикаа околу 4.000 смртни случаи само во Шпанија. Клуге рече дека од иста причина починаа околу 1.000 луѓе во Португалија, 3.200 луѓе во Велика Британија и 4.500 луѓе во Германија.
Клуге предупреди дека топлотните бранови и екстремните горештини ќе доведат до уште повеќе смртни случаи во наредните години доколку не се преземат потребните мерки.