Сепак, добрите вест се дека бројот на случаи на долготраен Ковид-19 се намалува           Фото: Ројтерс

Долготрајниот Ковид и натаму е присутен кај стотина милиони луѓе кои по првичната инфекција со коронавирусот се соочуваат со нови или повратни симптоми и може да пројават тешки здравствени проблеми. Сега, по анализата на податоците од 54 клинички студии со кои биле опфатени над 1.2 милиони пациенти од 22 држави се влече заклучок дека најчесто симптомите на долготраен Ковид се појавуваат кај пациентите кои претходно имале тешка состојба од првичната зараза.

Така на пример кај речиси половина или 43.1% од случаите кои завршиле на ургентна нега имале долготраен Ковид три месеци по првичната инфекција. Исто така кај овој вид пациенти најзастапен е и долготрајниот Ковид од 12 месеци по првото заразување со коронавирусот.

Пациентите кои лежеле во болница поради влошена состојба предизвикана од коронавирусот, но не завршиле на ургентна нега долготраен Ковид по три месеци имале кај 27.5 од случаите, додека пак непрекинати симптоми како последица на долготраен Ковид во период од една година имало кај 11.1% од пациентите.

Тие кои имале полесни симптоми и без потреба од болничко лекување многу поретко се жртви на долготраен Ковид, и зараза која покажува симптоми во рок од 12 месеци е неверојатно ретка или под 1%, додека пак заразата која се појавува и по три месеци била застапена кај 5.7% од заразените.

Кај младите мажи под 20 години кои најдобро се справија со симптомите на варијантите на Ковид-19, долготрајната зараза е вистинска реткост и е помала од генералната популација со застапеност од 5.4% по три месеци од првиот позитивен тест.

Жените на иста возраст и во иста категорија како и мажите биле поподложни на симптоми на долготраен Ковид, односно по првичната зараза кај 10.6% од нив или двојно повеќе отколку кај мажите биле забележани симптоми и по три месеци, додека пак кај 0.8% од нив вакви симптоми имало и по една година.

Сепак, добрите вест се дека бројот на случаи на долготраен Ковид-19 се намалува, па така во јуни 2022 година преваленцата била проценета на 19% од севкупните случаи, додека пак во јануари годинава бројот на пациенти со оваа хронична зараза се намалил на 11% од вкупниот број на заразени со коронавирус.

Исто така над 50% од пациентите кои се пожалиле дека страдаат од долготраен Ковид пријавиле дека се излечиле од болеста, а кај уште 17% од пациентите повеќе не се појавуваат симптомите.

TRT Balkan / агенции
Популарни