Под мотото „Едно небо за сите“, во Прилеп се одржа традиционалниот Божиќен ручек во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.
На заедничка маса по 18 - ти пат, седнаа 400 деца од различни целни групи од цела Македонија.
Според организаторите целта на овој настан е да се промовираат хуманистичките вредности, еднаквоста, љубовта и почитта.
„Среќни сме што и денес заедно ќе го славиме христовото раѓање на заедничка трпеза. Како и секоја година нашата порака е децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество“, изјави извршниот директор на Детската амбасада, Александра Северкоска Стојаноски.
Градоначалникот на Прилеп Борче Ховчески истакна дека Божиќ е празник на љубовта и хуманоста и треба да помогнеме сите оние на кои им е потребна помош.
„Чест и задоволство ми е што учествувам на овој традиционален божиќен ручек и сакам да им ги честитам бижиќните празници на сите деца во светот“, изјави Јовчески.
На божиќниот ручек децата уживаа во божиќните песни и традиционалната поворка во изведба на членовите на студиото „Зодијак“ од Прилеп.
Божиќниот Ручек го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар.