Сексуалното насилство демне илјадници деца на Балканот / Photo: AA Archive

Секое трето дете во светот е жртва на физичко насилство, секое второ дете страда од психичко малтретирање, а околу 1 милијарда деца се жртви на сексуално насилство, покажуваат последните анализи.

По долгогодишното молчење за сексуалната злоупотреба врз децата, денес сѐ повеќе и повеќе сѐ зборува за таа проблематика.

Обединетите нации со таа цел го прогласија 18 ноември за Светски ден за спречување и исцелување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство на децата.

Дека насилството врз децата е сѐ поприсутно околу нас покажуваат и бројките кои се однесуваат на земјите на Балканот.

Според последните истражувања направени во 2022 година, во Србија има вкупно 8531 пријава за насилство врз деца. Најдоминантно е емоционалното насилство со 44.6% од пријавите, потоа следуваат физичкото насилство со 25.4% и сексуалното насилство со 2.6% .

Во Хрватска во истата година за 11.3% пораснал бројот на пријави за сексуално насилство кај деца. Во 2022 година имало 261 пријава за сексуално насилство додека пак во 2021 година имало 194 пријави.

Во Босна и Херцеговина во изминатата година имало вкупно 123 пријави за насилство од кои 52 се пријави за сексуално насилство и порнографија.

Во Албанија бројката покажува дека повеќе од половина од децата биле жртви на некаков вид насилство, односно 58%, додека во Косово во 2022 година има вкупно 450 пријави за насилство врз деца а 70% од пријавите биле за насилство во училиште.

Во Северна Македонија пак, сексуалното насилство во 2022 година се намалило. Тоа го покажуваат и бројките. Имено во 2022 година имало 18 случаи на сексуално насилство додека пак во 2021 година имало 25 случаи.

Според ОН, 18 ноември не е ден за славење, туку е потсетник дека треба да ги слушнеме жртвите на насилство за да знаат дека не се сами.

Според последните истражувања, во светот жртви на сексуално насилство во повеќето случаи се девојчињата. Се проценува дека приближно 120 милиони жени помлади од 20 години доживеале различни форми на сексуално насилство во изминатата година.

Податоците од 24 земји претежно со висок и среден приход покажуваат дека преваленцата се движи од 8% до 31% кај девојчињата и 3% до 17% кај момчињата на возраст под 18 години.

TRT Balkan
Популарни