Денес е Светски ден на мачките / Photo: AA

Денес се одбележува Светскиот ден на мачките, еден од многуте празници посветени на заштитата и грижата за животните.

Овој ден првпат беше воспоставен во Италија во 1990 година како начин да се подигне свеста за бездомните мачки и да се поттикнат иницијативите за нивна заштита.

Со текот на времето, Светскиот ден на мачките доби поширока поддршка и се прошири низ повеќе европски земји.

Покрај овој датум, постојат и други денови посветени на мачките низ светот.

Така, од 2002 година, по иницијатива на Меѓународниот фонд за добросостојба на животните, на 8 август се одбележува Меѓународниот ден на мачките.

Во Русија мачките имаат свој ден на 1 март, во САД на 29 октомври, додека во Јапонија љубителите на мачките го слават нивниот ден на 22 февруари.

Мачките се едни од омилените домашни миленици, но истовремено и неизоставен дел од урбаните средини.

Тие се присутни во сите населби, улици и плоштади, каде што со векови живеат во близок однос со луѓето.

AA
Популарни