Со цртање графити децата ги лекуваат траумите од земјотресите / Photo: AA

Сликањето мурали на ѕидовите на урнатините е добро осмислена терапија и забава за илјадниците деца кои се сместени во шаторските населби откако останаа без своите домови во разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Туркије на 6 февруари.

Програмата за курс по цртање графити се спроведува во дистриктот Ислахије и Газиантел со покровителство на Министерството за млади и спорт на Туркије, а проектот го води уметникот и наставникот Шенол Каракаја.

Со цртање графити децата ги лекуваат траумите од земјотресите AA

Каракаја вели дека ваквата активност преку работилници и подучување на децата да цртаат графити ја смислиле како терапија за да им се помогне во совладувањето на траумите и да им се помогне во менталниот развој по проблемите кои ги имаат по земјотресите.

„Ги цртаме ѕидовите за да допреме до душите на децата, да донесеме насмевки на лицата и да ги залечиме нивните рани. Гледаме дека тоа се деца кои се несигурни и се плашат да излезат, а среќни се кога доаѓаат тука и играат со бои“, рече тој.

Истакнувајќи дека целта им е да го одржат моралот и мотивацијата кај децата на високо ниво, Каракаја рече дека секојдневно работат со групи од по 50 деца.

„Работиме на визуелност која на децата би им овозможила да ги отворат вратите на новиот свет во својата имагинација, а не траумите од овој земјотрес“, заклучи Каракаја.

AA
Популарни