Сабиха Ѓокчен е првата жена борбен пилот во светот. Родена е на 22 март 1913 година во Бурса, Туркије / Photo: AA Archive

Сабиха Ѓокчен е името што за многумина е асоцијација на еден од аеродромите во турскиот град Истанбул. Но знаете ли која била жената што го носи името на еден од најголемите меѓународни аеродроми?

Прва жена борбен пилот во светот

Сабиха Ѓокчен е првата жена борбен пилот во светот. Родена е на 22 март 1913 година во Бурса, Туркије. Потекнува од сиромашно семејство кое имало бошњачко потекло.

Желбата за образование и ја исполнил првиот претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, кој во 1925 година ја посетил Бурса и ја запознал 12-годишната Сабиха, која станала едно од осумте негови посвоени деца. Основно образование завршила во училиштето Чанкаја во Анкара, а потоа продолжила со образованието на Американската академија Ускудар во Истанбул.

Прва жена запишана во турското училиште за цивилно воздухопловство

Копнежот за летањето го покажала на отворањето на првото турско училиште за цивилно воздухопловство. На церемонијата во 1935 година, присуствувал и претседателот Ататурк и на училиштето му го дал името Турккушу (Турска птица).

Сабиха е првата жена која се запишала во ова училиште. Успеала да се запише на Турската воена академија со посебна образовна програма во авијациското училиште во Ескишехир. Образованието го продолжи во Првата авионска пуковнија и станала борбен пилот на 23 години. Презимето Ѓокчен што и е доделено во 1934 година значи „онаа која му припаѓа на небото“.

Повеќе од 8.000 часа поминати во авионска кабина

Како пилот на Турските воздушни сили летала повеќе од 8.000 часа во 22 видови авиони, а учествувала во 32 воени операции.

Запишана во Гинисовата книга на рекорди

Гинисовата книга на рекорди ја евидентира како прв женски борбен пилот, а беше избрана како единствена жена пилот за постерот на „20-те најголеми авијатичари во историјата“.

Ѓокчен почина на нејзиниот 88 роденден на 22 март во 2001 година. Истата година по неа е именуван аеродромот изграден на азиската страна на Истанбул.

Речиси три децении пилотска кариера

Зад себе имаше 28 години пилотска кариера што го потврдува симболичното значење на нејзиното презиме. Припаѓаше на небото, но го прослави не само турското, туку и светското воздухопловство.

TRT Balkan
Популарни