„Фаловец“ во Полска: Една од најдолгите згради во Европа / Photo: AA

Со должина од над 800 метри, во чиј простор се сместени околу 6.000 жители ја прави станбената зграда „Фаловец“ во полскиот град Гдањск, еден од најдолгите станбени објекти во Европа.

Полскиот пристанишен град Гдањск е една од најпопуларните туристички дестинации, но не само поради својот убав историски центар и големото пристаниште. Градот на реката Висла има уште една уникатна атракција, барем во Европа: најголемата станбена зграда.

Изградена е на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век и има необичен брановит изглед. Затоа и го носи називот „falowiec“, од зборот „фала“ што на полски значи бран.

„Фаловец“ во Полска: Една од најдолгите згради во Европа AA

Она што вреди да се истакне е дека зградата е долга над 800 метри, има 11 нивоа (приземје и 10 ката), 1.800 станови и во неа живеат околу 6.000 луѓе. Сепак, ова не е најдолма зграда во Европа, изградена „во едно“.

Подолга од неа е Карл Маркс Хоф во Виена која има 1,1 километар, но има помалку станови и „само“ седум спратови. Затоа има и помалку жители и проектирана е со цел во неа да живеат највеќе 5.000 луѓе.

Но некои сметаат дека најдолга зграда во Европа е зградата Прора во Германија. Се работи за комплекс кој се простира долж морски брег, а изграден е во време на нацистите кон крајот на триесеттите години како туристичко одмаралиште.

Комплесот оригинално бил со должина 4,5 километри, додека преживеаните градби имаат вкупна должина од 3 километри. Меѓутоа, тука не станува збор за единствена структура туку од осум идентични згради во низа. Прора беше планирана да прими до 20.000 луѓе.

TRT Balkan / агенции
Популарни