Индија: Се вратил дома две години откако го прогласиле мртов од Ковид 19 / Photo: AA Archive

Камлеш Патидар, кој беше прогласен за мртов пред две години откако бил болен од Ковид-19, се вратил дома во областа Дар во Мадја Прадеш. Патидар, жител на индискиот Дар, се вратил дома, а членовите на семејството и роднините се во шок бидејќи немале информации каде се наоѓал во последните две години.

Неговиот роднина Мукеш Патидар за новинарите изјави дека во 2021 година, Камлеш Патидар бил префрлен во државната болница во Гуџарат како сериозно болен во вториот бран на епидемијата на Ковид-19. Како што рече, од него се простиле откако наводно го презеле неговото тело од болница.

Мукеш рече дека Камлеш, за кого се мислело дека е мртов, тропнал на вратата на својата тетка по две години. Според неговите зборови, членовите на неговото семејство и роднините се во шок. Нема информации каде се наоѓал Калмеш во последните две години.

TRT Balkan / агенции
Популарни