Израелската армија повеќе од десет месеци извршува брутални напади врз Појасот Газа, во кои најголем број од жртвите се деца и жени.
Секој ден децата се жртви на израелските напади, а во еден од нападите врз шаторската населба во Деир ал Балах е убиено момче.
Неговата мајка дошла во болницата, каде што доживеала голем шок и едноставно не можела да се помири со фактот дека нејзиниот син е мртов.
Репортерот на Агенција Анадолу го снимил срцепарателниот плач на жената што се обидувала да го оживее својот син. Во еден момент Палестинката го зела синот в раце и се обидела да го оживее, не верувајќи дека е мртов.
Со масажа на срцето таа се обидувала да го оживее синот, кој веќе бил мртов.
AA