Пост во рудник: Желбата и пожртвуваноста поголеми од сите потешкотии / Photo: ТРТ Балкан

Рударите ја работат една од најтешките професии. Да се биде рудар значи да се работи во секојдневен ризик по сопствениот живот, а тоа бара и многу одрекнувања. Во месецот Рамазан муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце, одрекнувајќи се од храна и вода, но и од многу други нешта во текот на постот.

Екипата на ТРТ Балкан го посети рудникот Трепча на северот на Косово во Митровица, каде рударите работат во рудникот и постат во работни услови 800 метри под земјата.

Рударското „среќно“ значи живот На влезот во големиот рудник од десната страна не можете а да не ја приметите пораката на влезната врата каде со бели букви истакнато пишува „ME FAT!“ (во превод од албански на македонски значи „Со среќа“), што барем за момент на рударите им го олеснува влезот во рудникот, каде во тешки и ризични околности треба да се поминуваат работните денови. Тука, рударското „среќно“ значи живот.

Подготовка на рударски ифтар во рудникот Трепча на северот на Косово ТРТ Балкан

Работа во рудник: 800 метри под земјата

Сами Нули, вработен во рудникот „Трепча“ срдечно нѐ причекува и тој е всушност нашиот домаќин во посетата на рудникот. По влезот во рудикот се затвора вратата и единствената светлина што ја имате е онаа од ламбата на рударскиот шлем. Стигнуваме до лифтот кој треба да нѐ однесе долу во удникот 800 метри под земјата.

Сами Нули им дава сигнал на неговите колеги и лифтот почнува да се движи подолу. Тоа патување трае неколку минути и нуди несекојдневно доживување кога како на брза лента поминуваат сликите од атмосферата во рудникот. Кал, вода, влага, темница … Ова е првата глетка во рудникот кога речиси километар под земјата стигнувате на местото каде рударите го поминуваат своето работно време.

„Тука рудата се истура во оџакот, а од оџакот во вагонот и од таму продолжува на местото каде што бевме претходно. Се испушта во главниот бункер. Без физичка работа нема ништо“, објаснува Нули во разговор за ТРТ Балкан.

Подготовка на рударски ифтар во рудникот Трепча на северот на Косово ТРТ Балкан

Рударски ифтар

Понатаму се движиме низ темните „лавиринти“ на рудникот. Чекорењето во рударските чизми низ ходниците со кал и вода е вистински предизвик за оние кои првпат се во рудникот.

За рударите, секојдневна рутина и пат кој го поминуваат безброј пати. Часовникот во рурарската соба покажува дека е време за ифтар. Урми, вода, леб, јогурт, кајгана, паштети… се дел од ифтарската рударска трепза која ја подготвува рударот Ислам Реџепи.

На љубопитното новинарско прашање како е всушност да се пости и да се работи во рудник тој одговара: „Воопшто не е тешко, можеби за Рамазан секогаш имам волја. Секој Рамазан морав да готвам, или за ифтар или за сахур“.

Рударската работа е тешка, но постот во такви околности има сосема поинаква димензија.

„Моментот кога доаѓа ифтар, сето тоа се заборава. Жед, недостаток на храна, сето тоа се заборава“, раскажува Реџепи.

Иако во моментите на ифтарот, оброкот во текот на Рамазан, тој поради работните обврски не е со своето семејство и најблиските, вели дека семејството недостасува, но сепак убаво е чувството да се биде во овие денови и со колегите.

„Се чувствувам како дома. Има малку повеќе волја за мене на ифтар, но недостасува семејството, а со друштво е поинакво чувството“, вели Реџепи.

Рудникот Трепча на северот на Косово ТРТ Балкан

Рудник Трепча

Рудникот Трепча сега вработува околу 3.000 работници. Некогаш, во 70-тите и 80-тите години од минатиот век во овој рудник заедно со неговите пропратни објекти работеле 22.000 луѓе. Во тоа време рудникот Трепча со својот придонес учествувал 2/3 од косовскиот бруто-домашен приоизвод.

TRT Balkan
Популарни