Куче со завивање спаси семејство при катастрофалните земјотреси во Туркије / Photo: AA

Семејството што го преживеало земјотресот благодарение на нивното куче кое со завивање и гребење ги предупредило непосредно пред катастрофата се сеќаваат на кобниот 6 февруари кога десетици илјади загинаа во Туркије.

Хатиџе Авџи, која живее во јужната област Кахраманмараш со сопругот и ќерката, чува куче по име Михрибан, кое ги разбудило со гребење и завивање околу 4 часот и 18 минути наутро пред земјотресот.

„Кучето потоа се качи на столот на балконот и почна да завива“, рече Авџи.

Во разговор за агенцијата Анадолу (АА), Авџи истакна дека Михрибан инаку е многу послушно животно и воопшто не лае.

„Кога почна да биде раздразлива (непосредно пред земјотресот), ја внесов за да не се вознемируваат соседите. Повторно истрча на балконот и повторно почна да завива. Повторно ја зедов во скут, таа гребеше и сакаше да излезе“, се потсетува таа.

„Сега сме заедно во шаторот, а таа ни лежи во скут. Првите три дена воопшто не јадеше, беше многу исплашена. Удобно и е во шаторот, но многу е раздразлива кога ќе влезе во нашата урната куќа“, рече таа.

На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија голем број турски области, одземајќи над 50.000 животи.

Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во Северна Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни