Луѓето и ајкулите можат без проблем да го делат океанот / Photo: AP

Истражувачите од Државниот универзитет во Калифорнија, од одделот што се занимава со проучување на ајкули, користеле беспилотни летала за да ги проучуваат младите бели ајкули долж брегот на Јужна Калифорнија и на тој начин да утврдат колку тие пливаат оддалечено од луѓето што пливаат покрај брегот, пишува Асошиејтед Прес (АП).

Се испостави дека се прилично блиску. Сепак, нема никаква опасност. Според податоците со кои располагаат надлежните, досега нема пријави за каснување од ајкула на ниту една од 26-те плажи. Плажите вообичаено беа следени во периодот меѓу март 2019 и март 2021 година.

Младите бели ајкули обично се групирани на две локации: јужниот дел на округот Санта Барбара и централниот округ Сан Диего. До овие податоци студентите дојдоа преку 1.500 летови со беспилотни летала во текот на две години. Возрасните ајкули се главно осамени животни.

Податоците велат дека ајкулите цело време пливале во круг од околу 45,72 метри и дека најблиску до нив биле сурферите и веслачите. Најчесто тие не ни знаеле дека ајкулите се наоколу.

Истражувачите потврдија дека сурферите, пливачите и ајкулите можат мирно да коегзистираат, но како што велат, „никогаш не очекувале да видат толку многу средби без инциденти“.

TRT Balkan / агенции
Популарни