Повеќе од половина морски кучиња во Медитеранот во опасност од изумирање / Photo: AA Archive

Повеќе од половина морски кучиња и ражи во Медитеранот се во опасност од изумирање како последица на риболовството, климатската криза и загадувањето, покажа истражувањето на Институтот Канванилс на универзитетот во Валенсија.

Морските кучиња и ражи, кои ја играат фундаменталната улога во регулација на морските екосистеми со оглед дека ја контролираат популацијата на својот плен, многу се ранливи на човечките активности поради нивниот спорт раст, доцната зрелост и малиот број потомци“, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на извештај.

Како што се наведува, ризикот од изумирањето го загрозува функционирањето на морските екосистеми. Иако морските кучиња и ражите не се цел на медитеранското риболовство, тие се фаќаат случајно, затоа е потребно подобро управување со нивната популација за да им се овозможи егзистенцијата.

„Разбирањето како заедницата се менува со климатските услови и животната средина ни овозможува подобро да го предвидиме можното влијание на климатските промени и

уништувањето на живеалиштата за да ги одредиме приоритетите за нејзино зачувување“, вели авторот на статијата, Дејвид Руиз-Гарсија.

Тој додаде дека ајкулите се способни да ги издржат ефектите на човечките активности, благодарение на нивната брза и плодна репродукција.

„Сега одиме кон екосистемот, кој е помалку разновиден, поедноставен и помалку продуктивен“, нагласи Руиз-Гарсија, додавајќи дека од суштинско значење е да се идентификуваат заштитени видови на морски кучиња за да се обезбедни нивен опстанок.

TRT Balkan / агенции
Популарни