Озбеј пред гласачкото место во локалното училиште ја побара за жена девојката Гизем Есин, така што ѝ подаде импровизирано гласачко ливче со заедничка фотографија и ја праша дали го прифаќа предлогот за брак.    Фото: АА

На вториот круг од претседателските избори во Туркије, на гласачките места во главниот град Анкара забележана е несекојдневна понуда за брак.

Мехмет Емин Озбеј пред гласачкото место во локалното училиште ја побара за жена девојката Гизем Есин, така што ѝ подаде импровизирано гласачко ливче со заедничка фотографија и ја праша дали го прифаќа предлогот за брак.

Девојката видно изненадена, но и пресреќна, го стави печатот со знакот „ДА“ на ливчето со заедничка фотографија и потоа го „спушти“ во „гласачката кутија“.

Озбеј потоа клекна пред девојката и ѝ подари свршенички прстен, што присутните на настанот го проследија со аплауз и им посакаа среќа во животот.

Девојката во изјавата за новинарите рече дека е изненадена и дека не очекувала токму ваква понуда за брак.

„Нека ни е со среќа, и нам и на нашата држава денешното гласање. Веќе сме и онака возбудени поради изборите, ова беше дополнително изненадување“, рече девојката.

Озбеј истакна дека е среќен што девојката го прифати предлогот за брак.

„Денес во секоја смисла на сопствениот избор одлучуваме за нашата судбина. Всушност, ова помалку беше антидемократско гласање бидејќи гласањето што јас ѝ го подготвив на мојата девојка имаше само еден кандидат и само печат 'ДА'. Но важно е дека гласаше. Јас сум многу среќен“, рече низ шега Турчинот Озбеј.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати