Јас го изучувам и сум активист против геноцидот, односно сите геноциди, без оглед на името на сторителите или жртвите.
Во специфично минато, мојот фокус на геноцидот беше од потреба. Мојата земја на раѓање, Мјанмар - за чија слобода од военото владеење бев подготвен да го дадам животот - е на обвинителна клупа пред Меѓународниот суд на правдата.
Нејзините државно организирани и со голема поддршка поддржани масовни злосторства врз главно муслиманскиот народ Рохинџа се добро документирани и законски се сметаат за прекршување на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.
Се ослободив од павловскиот патриотизам „тоа е мојата земја било да е во право или греши“: геноцидот е мојата апсолутна црвена линија.
Така, минатомесечната 80-годишнина од ослободувањето на Аушвиц од страна на советската Црвена армија во 1945 година беше од природен интерес за мене, исто како и слични настани за сеќавање на геноцидот, без разлика дали тие се во знак на сеќавање на Сребреница, Руанда, Рохинџи или Камбоџа.
Но мојот стомак се сврте кога ги слушнав зборовите на Това Фридман, еврејска Американка со полско потекло, која на пет и полгодишна возраст го преживеа Аушвиц-Биркенау, најголемиот нацистички логор на смртта.
Во петминутниот видео клип на магазинот Тајм беше прикажано нејзиното обраќање на истакнатиот собир на неколку десетици други преживеани и десетина шефови на европски држави - вклучувајќи го кралот на Обединетото Кралство Чарлс Трети, полскиот премиер Доналд Туск, претседателот Емануел Макрон од Франција, украинскиот Володимир Зеленски и пратеникот на Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Сега веќе 85-годишната Фридман сподели ужасни сеќавања за ржењето на германските кучиња чувари кои ги откриваа своите кучешки заби остри како жилет, за голите жени затворенички и за црниот чад што излегуваше од оџаците на четирите крематориуми во огромниот логор.
Зборуваше за малку постарите девојчиња од шест или седум години- некои боси, а повеќето смалени од „глад“, како маршираат, треперејќи и плачејќи, низ патеката покриена со снег до гасните комори.
Аушвиц до Газа
Додека го слушав говорот на Фридман со растечка вкочанетост, си реков: „Како може некое човечко суштество да ги слуша овие приказни за ужас и да не почувствува мачна болка и вистинско сочувство за жртвите на нацистичкиот геноцид?
Во сите четири мои посети на музејот Аушвиц-Биркенау, слушнав слични страшни приказни од моите полски водичи.
Во една од тие посети, додека шетав низ женската касарна- каде што затворениците кои се сметаа за премногу болни и премногу неспособни да извшрат било каква работна задача за заедничките проекти на СС и германските корпорации, едноставно беа оставени да умрат- поминав со дланката преку дрвениот под на креветот со три спрата, тогаш покриени со видливи слоеви од прашина како да мојата емпатична рака ги допре нивните исчезнати души.
Не прашав дали се Евреи или Роми или Синти или полски партизански борци.
За жал, опседната само со жртвите во сопствените редови- Евреите- немаше апсолутно никакво сочувство за другите жртви во говорот на Фридман: не само за нацистичкиот геноцид, туку и за сите геноциди по холокаустот, а особено за геноцидот од учебници што Израел го врши врз 2,3 милиони Палестинци.
Од зборувањето за ужасите на нацистичкиот геноцид што го доживеала од прва рака, Фридман нагло ја смени брзината и на емотивно наполнетата публика ѝ кажа за пркосниот дух што го открила во Аушвиц.
Таа потоа продолжи да ја повторува уморната и стара линија на израелската пропаганда, поврзувајќи го создавањето на Израел и холокаустот: „Нашата одмазда е да изградиме силна еврејска држава. Израел е единствената демократија на Блискиот Исток… која се бори за самото свое постоење“.
Го слушав клипот повеќепати за да ги разберам нејзините зборови и да се уверам дека јас, борец против геноцид кој го поддржува правото на Палестинците да живеат и да ги одгледуваат своите семејства во мир, не читам ништо што таа немала намера да каже или да пренесе во нејзиното обраќање.
Но единствените два збора што ми паднаа на ум беа кафкијански и орвеловски.
Пораката што таа ја изрече од подиумот пред влезот на музејот Аушвиц-Биркенау - и спротивно од реквизитите на железничката пруга, административната зграда на нацистичката СС и сточниот вагон - ја означуваше целосната заблуда што Израел во моментов ја проектира.
Таа заблуда е врамена и изразена како постојана борба против „егзистенцијалната закана“ на светот уште еднаш натопена во стравот и одбивноста кон Евреите.
И покрај сите практични цели, беше очеан обидот на Фридман 15-те месеци геноцид и 57 години нелегална окупација на Палестина, призната од ОН, да ги прикаже како „самоодбрана“.
Всушност, политичкиот ционизам како доселенички колонијален проект беше изведен меѓу источноевропските Евреи во раните 1880-ти. Тоа беше пет децении пред нацистите да дојдат на власт во 1933 година и 60 години пред првата гасна комора во Аушвиц да почне да работи со советските воени затвореници како нејзини први жртви.
Само пред неколку недели во Витлеем, познатиот палестински теолог и активист, свештеникот Мунтер Исак, остроумно нѝ рече- гостинска група научници и писатели за геноциди од Јапонија, Јужна Кореја, Канада, САД, ОК и Мјанмар- што јас ја водев, „Израел е колонија на доселеници, изградена на земја со домородно население. Колонијата на доселениците, по дефиниција, бара етничко чистење“.
Тој ја откри инхерентната експанзионистичка природа на државата Израел, посочувајќи како таа продолжува да зазема земја во Сирија и јужен Либан преку војни по избор.
Баналноста на злото
Ова ме доведува до длабоко вознемирувачкото табу, кое секој поединец со совест внимателно го избегнувал од страв да не биде означен како „антисемит“.
Односно, оспорување на воздигнувањето на еврејските „преживеани“ како да се свети личности кои имаат морален авторитет врз масовните злосторства и организираната човечка суровост од индустриски размери, особено Израел и неговиот институционализиран апартхејд, садистичката суровост и меѓународни злосторства против домородните Арапи.
Имам фотографско сеќавање на Аушвиц-Биркенау.
На околу 150 метри од подиумот каде Фридман го даде своето телевизиско обраќање се наоѓа касарната СС каде нацистичките лекари убиле голем број деца затвореници со инјектирање фенол во нив.
Таа зборуваше за изгладувањето како политиката на СС, за децата означени за гасни комори и нивните „смалени“ тела.
А сепак, Фридман избра да не ги спомнува денешните лидери на нејзината силна еврејска земја, кои отворено ја изјавуваат намерата на државата да ги изгладне сите 2,3 милиони Палестинци во затворот на отворено во Газа и да истреби 17.000 палестински деца како целна под-категорија на жртви на населението.
Таа немаше што да каже ниту за нејзината посвоена земја, САД, која му дава „целосна поддршка“ на Израел во неговиот проект за уништување на Палестинците- како што рече познатиот еврејски израелски академик Ли Мордехаи од Хебрејскиот универзитет во неговиот дијалог со нашата меѓународна делегација во Палестина пред три недели.
Фридман очигледно може да го идентификува и артикулира „моралниот вакуум“ на Западот и Европа, што доведе до виктимизација на европските Евреи окупирани од нацистите во 1930-те и 40-те.
А сепак, таа гледаше на другата страна додека „демократскиот“ Израел го уништува најголемиот дел од Газа во последните 15 месеци, субвенциониран од доларите на нејзините даночни обврски.
Таа очигледно го дели мислењето на израелските лидери дека светското негодување и протестите против нивните злосторства во Палестина се израз на „раширен антисемитизам“, глобална манифестација на предрасуди, сомнеж и екстремизам против Евреите.
Во 1995 година, Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон го интервјуираше покојниот Луис Валински, поранешен претседател на Светскиот еврејски конгрес, кој беше задолжен за програмите за стручна обука за илјадници преживеани Евреи во Германија и Австрија во 1947-48 година.
Во интервјуто, Валински сподели „вознемирувачка“ карактеристика на преживеаните од нацистичките логори - дека тие „не беа најдобрите луѓе“. Односно, не најдоблесни морално.
Цитирајќи едно лице со кое соработувал многу тесно во спроведувањето на овие програми за обука, Валински рече: „Но знаете што тој (Јакоб Оласеки) ми кажа еднаш? Тоа е многу вознемирувачко“.
Тој рече: „Луи, најдобрите луѓе во (нацистичките) логори не преживеаја. Ние што преживеавме не бевме најдобрите луѓе“. Знаете што сакаше да каже? Луѓето кои ги крадеа оброците на другите луѓе, знаете, кои навистина се снајдоа на сметка на другите. Тие што се ордрекуваа, љубезните, нежните, добрите. Тие се оние кои не преживеаја. Тој го почувствува тоа многу, многу силно“.
Луис, од руско еврејско потекло, е роден во Лондон во 1908 година и на четири години емигрирал во Њујорк со својот татко анархистички револуционер, студирал економија на Универзитетот Корнел и предавал како учител во Бруклин, Њујорк.
За време на Втората светска војна, Луис служел во Одборот за воено производство на САД, а потоа бил испратен во Германија како директор задолжен за програмата за стручна обука за „раселените (еврејски) лица“ во американскиот дел од сојузничката окупирана Германија, во Минхен, во 1947 година.
Тој беше длабоко вклучен во транспортот на илјадници стручно обучени еврејски бегалци и машини во Палестина, пред и по формирањето на државата Израел во мај 1948 година.
Го познавав како многу драг пријател кого со голема наклонетост го нарекував „Вујко Лу“. Тој ја водеше мојата венчавка во Вашингтон, играјќи ја улогата на мојот сурогат татко и ми помагаше на секој начин што можеше во мојот активизам за Слободна Бурма.
Знам дека би се превртувал во својот гроб поради несоодветното морално воздигнување на преживеаните, кои продолжуваат да му ги кажуваат на светот своите ционистички лаги на сметка на Палестинците.
Покојниот национален поет на Палестина, Махмуд Дарвиш, ги нарече еврејските Израелци „победнички жртви“ - луѓе кои, некогаш во позиција на сила, моќ и богатство, свесно дозволуваат да се претворат во геноцидни жртви.
Како што кажа чичко Лу, „не се најдобрите луѓе“.
Маунг Зарни
Маунг Зарни е ко-основач на www.forsea.co, коавтор на Есеи за геноцидот на Рохинџите во Мјанмар (2018) и соработник на Центарот за документација на геноцидот - Камбоџа. Со Шахида Тулаганова, тој копродуцираше едукативен документарен филм „Аушвиц: Лекции никогаш не научени“.