Постојат работи кои се толку очигледно погрешни и одвратни и за кои се потребни посебни видови на бездушни и луѓе полни со омраза за да помислат дека таквите работи се прифатливи па дури и смешни.
Се разбира, тука алудирам на безвкусниот француски сатиричен магазин Шарли Ебдо кој неодамна објави карикатура која се исмева со илјадници жртви од Туркије и Сирија кои беа збришани или останаа бездомни како последица на смртоносните земјотреси кои го погодија регионот, со епицентар во турскиот град Кахраманмараш.
Нормално, и многу соодветно, оваа акција наиде на широки критики и бес, бидејќи очигледно сите оправдано ја сметаат дека е нечувствителна, несоодветна и мотивирана од расистички и антимуслимански тенденции кои се длабоко вкоренети во француското општество.
Историја на омраза кон муслиманите во Франција
Најпрво многу е важно да се забележат последиците од францускиот колонијализам и долгата историја на расистички ставови кон муслиманите, дури и кон француските граѓани во самата Франција.
Француската империја некогаш владеела со огромни територии во Северна Африка и Блискиот Исток и нејзиното наследство на расистички колонијализам има оставено длабоки рани кои се уште не се излечени.
Ова вклучува вкопување на расизмот и предрасудите против муслиманите, повеќето од кои се уште се соочуваат со дискриминација и во Франција до ден денес, дискриминација која е промовирана на самиот врз на француската влада и тоа од не било кој друг туку претседателот Емануел Макрон.
Франција директно владееше со Сирија, поминувајќи повеќе од еден век, помеѓу 1920 и 1946 година, со примена на брутални методи за присилување на сирискиот народ да ја поништи својата сувереност и право на самоопределување.
Историјата на колонијализам и расизам се проткајува и во денешното модерно француско општество со дехуманизација на муслиманите и правејќи уредниците, на тие кои работат за Шарли Ебдо, да помислат дека ваков вид на „одвратен потег“ е соодветен.
Исто така предизвикува жртвите на земјотресот во Туркије и Сирија да бидат особено ранливи на ваков вид на навредлива „сатира“ која единствено за цел има да привлече евтини насмевки додека се уште неизлечените рани на недолжните.
Згора на тоа, постапките на списанието очигледно се манифестација на неконтролирана омраза кон муслиманите. Зголеменото антимуслиманско расположение е се поголем проблем во Франција и во многу други западни земји, кој се карактеризира со тотално ирационален страв и омраза кон исламот и муслиманите.
Овој страв и омраза често се поттикнати од негативни стереотипи и дезинформации, и тоа најмногу придонесува за маргинализацијата и дискриминацијата со кои се соочуваат муслиманите, не само во Франција, туку и пошироко.
Со исмејувањето на турските и сириските жртви од земјотресот Шарли Ебдо не само што ги продолжува овие негативни стереотипи, туку и придонесува во веќе проширената антимуслиманска омраза во Франција и пошироко. На пример со описот на карикатурата се гледа особено ситење на авторите од уништувањето кое им донесе огромни страдања на муслиманите, и дури објаснува дека „немало ни потреба да се испраќаат тенкови“. Со други зборови тие се смешкаат и со задоволство гледаат како оваа катастрофа, нанесена на муслиманите, е речиси како да се случила војна.
Плач за Франција, а за муслиманите исмевање
Исмејувањето на луѓето по некоја трагедија никога не е прифатливо, без оглед на нивната религија или националност. На пример, кога Шарли Ебдо беа нападнати во 2015 година, Турците ниту на државно ниво, ниту на општествено ниво, не се впуштија во исмевање. Напротив, беше испратен врвен дипломат во Париз изразувајќи солидарност со Франција против тероризмот.
Жртвите од земјотресот претрпеа огромни загуби и поминаа низ тешки трауми, и тие заслужуваат да бидат третирани со достоинство и почит. Исмејувањето со нивното страдање не само што е гнасно, туку испраќа и порака дека нивните животи и искуства не се вредни за почит и ниту нивните семејства и најблиски. Овој вид на порака е особено штетен во контекст на Франција и поширокото западно општество кое веќе е длабоко поделено на расни и верски основи.
Сатирата е моќна алатка и може да има големо влијание врз луѓето што ги таргетира, како и врз перцепциите на јавноста. Сатирата често се користи за да се оспори моќта и да се разоткрие неправдата и лицемерието. Меѓутоа, кога сатирата се користи за исмејување на луѓето кои се веќе маргинализирани и ранливи, тоа служи само за дополнително да им наштети. Ова е особено точно кога луѓето кои се мета се жртви на трагедија, бидејќи тие веќе се во состојба на екстремна ранливост, а ударите врз ранливите никогаш не изгледаат добро, дури е и жалосно и неморално.
Повторно, ова не е ништо ново за Шарли Ебдо, навистина една невкусна публикација која дури сметаше дека е соодветно и смешно да се шегуваат со жртвите од земјотресот во Италија споредувајќи ги со различни видови тестенини во 2016 година. Исто така во 2016 година, кој може да заборави како списанието покажа колку им недостига нешто што оддалеку наликува на хуманост и пристојност кога го исмеваа трупот на двегодишниот Ајлан Курди, сириски бегалец кој се удави во морето додека неговото семејство се обидуваше да избега од војна и крвопролевање.
Од друга страна, Шарли Ебдо сакаше целиот свет да плаче заедно со нив и Франција кога беа изложени на напад, но кога се во прашање смрт и уништување на муслимани тогаш сметаат дека може се потсмеваат водени од сопствениот „длабок морал“.
Кога некој е толку морално банкротиран, мислам дека може да се каже дека списанијата како Шарли Ебдо не се ништо повеќе од евтин партал дизајниран да се изнудува насмевки од припадници на екстремната десница кои уживаат во муслиманска крв.
Додека Кахраманмараш градот херој, доблест која и сега целосно ја докажува и применува низ целата зона на катастрофата Шарли Ебдо засекогаш ќе остане запаметен во историјата за својата злобност. И покрај сета болка што сите ја чувствуваме, тоа е равенка со која можам да живеам.
Ставовите искажани од авторите не мора да ги одразуваат мислењата, гледиштата и уредувачката политика на TRT World.
Тала Абдулразак е наградуван академик и писател, со специјалност за стратешки и безбедносни прашања од Блискиот Исток.