Трагедијата која ја предизвикаа земјотресите во Туркије и Сирија ја покажаа важноста на комуникациите во време на криза. Целата земја беше под тревога. Од првиот час, сите државни органи, медиумски куќи невладини организации, тимови за потрага и спасување, надлежните институции како Управата за справување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), турската Црвена полумесечина, безбедносните служби, вооружените сили и цивилните институции реагираа брзо.
Последователно на тоа хуманитарните институции беа мобилизирани во уште 71 турски град за да ја насочуваат хуманитарната помош и да им помогнат на настраданите. Донациите и личната вклученост покренаа од сите краеви на Туркије. Овие напори со полна пареа продолжуваат и денес. Во меѓувреме меѓународната помош почна да пристигнува како што земјите ја испраќаа нивната поддршка.
Вообичаено е што при вакви слични настани во изминатите години многу луѓе ги претпочитаат социјалните мрежи за да се информираат. Додека националните и меѓународните медиумски организации обезбедуваат обновени и редовни извештаи, социјалните мрежи, особено Твитер се користат за добивање на вести од прва рака, да се најават донациите и најважно да ги проследат барањата до надлежните институции и личности.
Социјалните мрежи овозможуваат информацијата да биде пренесена до масовна публика со голема брзина и се лесно достапни преку мобилните уреди. Твитер повторно беше главна платформа за пренос на вести и информирање на јавноста.
Може ли Твитер да помогне?
Иако бројот на корисници на Твитер во Туркије е многу помал сепак, споредено со други мрежи е повлијателен бидејќи се користи од страна политичари, експерти, новинари, институции и славни личности.
Затоа беше една од главните платформи која јавноста ја користеше за да се информира. Покрај тоа, со споделување на информациите за настраданите и погодените области се користи интерактивноста на Твитер за ефикасно да се објават повиците за помош.
Од друга страна, од перспектива на управување со кризи, Твитер, доколку не се користи правилно може да има нарушувачка улога. Добро е познато дека фазата пред кризата е една од најважните, бидејќи главна определба е да се минимизира штетата. Сите тимови се обучени ефикасно да ги координираат активностите за пребарување и спасување и обезбедување хуманитарна помош.
Тоа значи дека комуникацијата е од витално значење. Најмал знак на забуна или грешка во комуникацијата може да доведе до хаос. Социјалните мрежи овозможуваат комуницирање и интеракција со масовна публика на брз и достапен начин, но може и да предизвикаат огромна забуна. Овие платформи може да се претворат во канали на дезинформации и измамнички манипулации доколку не се употребуваат одговорно. Може да предизвикаат и ширење паника што значително може да го наруши управувањето со кризата.
Другата страна на паричката
Сите кризи може да се управуваат до одредена мера, но ако настане хаос станува речиси невозможно да се менаџираат.
Така и кризата која ја погоди Туркије беше искористена од одредени сили во реализирање на нивните агенди. Криминални ентитети користеа измамнички активности како што се лажно претставување како службени лица или организатори на добротворни акции, копирајќи ги кампањите на вистинските повици на организациите за собирање хуманитарна помош.
Други лица кои не беа во погодените области лажно се претставуваа како жртви за да добијат помош. Што е уште полошо, некои од нив со измамите ја попречија работата на агенциите за помош . Иако бројот на овие луѓе е релативно мал, социјалните мрежи може да ги засилат нивните ефекти, а дел од јавноста се фаќа во замајата поради моменталната емотивна состојба.
Дезинформациите понекогаш достигнуваа до тој степен да ги попречат напорите за пребарување и спасување. Погрешното насочување или губењето време предизвикано од повторени барања за исто лице и адреса може да влијае на другите кои имаат вистинска потреба.
Фактот дека социјалните медиуми се извонредна алатка за инстантно споделување податоци и вести од прва рака не го менува фактот дека може да им наштетат на напорите за пребарување и спасување. Иако апликациите се погодни за објавување кампањи за помош и за подигање на свеста, тие исто така можат да предизвикаат дезинформации кои длабоко влијаат на управувањето со кризи.
Во огромната катастрофа низ која поминува Туркије од суштинска важност се координацијата, вклученоста, професионализмот, поредокот и системските и стратешки акции. Затоа, императив е да се препознае предноста на социјалните мрежи и да се стави до знаење дека исто така може да прераснат и во извор на високоманипулативно споделување информации, особено во време на криза.
Штетата која се предизвикува во процеси кои се емоционално интензивни како што се природни катастрофи може да се намали само ако луѓето кои не се директно погодени од неа останат силни и имаат контрола над нивната емотивна состојба.
Како Туркије ќе се справи со оваа непогода?
Туркије претходно се справуваше со слични, иако значително помали настани. Управувањето со кризи и катастрофи значително го разви во последните 20 години и изгради меѓународно реноме. Поради тешкотиите на самата географска положба, честопати доживува природни катастрофи како пожари, поплави и земјотреси.
Достигнувањата на Туркије на ова поле се спомнати во извештаите на меѓународните организации. На пример, Туркије е на 6-то место во светот во однос на гаснењето пожари и враќањето на шумската површина и е на првото место меѓу европските земји.
Сместена на три раседни линии (Северна Анадолија, Источна Анадолија, Западна Анадолија) и во средината на три различни континентални плочи (евроазиска, анадолска, арапска), Туркије има страшни искуства во однос на земјотресите поради сеизмичката структура.
Сепак, со неодамнешните тешки земјотреси, покажа восхитувачки успех како во првиот процес на одговор и помош, така и во реконструкцијата на оштетената област по земјотресот.
Понатаму, Туркије е земја која е прикажана како пример во светот во однос на добротворни цели, број на примени баратели на азил и како земја која обезбедува хуманитарна помош со најголема стапка во споредба со нејзиниот национален доход.
Природните катастрофи се настани на уништување што не можат да се спречат [во која било земја и со која било достапна технологија. Сепак, единството, соработката и споделувањето на страдањата на луѓето кои се првенствено погодени од катастрофата се едни од најкритичните фактори за надминување на ваквите катастрофи. Беспомошноста и безнадежноста во општеството се барем еднакво разорни како и земјотресот.
Затоа, императив е да се биде повнимателен кога се користат традиционалните и дигиталните медиуми, особено кога соодветна комуникација е потребна повеќе од кога било.
Држењето настрана, блокирањето или стишувањето на сите профили и кориснички налози. кои се обидуваат да создадат атмосфера на хаос и да шират страв, паника и беспомошност, е од голема полза.
Од друга страна, од витално значење е наизменично да се следат случувањата на профилите на социјалните мрежи на државните органи и надлежните институции, како и одговорни граѓани.
Мурат Селви
Авторот е истражувач во TRT World Research Center